Македонија
Соработка во областа на здравството со општата болница во Виена

Македонија во областа на здравството ќе има соработка со Државната универзитетска болница во Виена, една од најдобрите во Европа, најави премиерот Никола Груевски кој е во работна посета на Австрија.
„Со Државната универзитетска болница во Виена, една од најдобрите во Европа напредната во многу области почнавме одредена соработка кога испративме лекари на обука во областите поврзани со патологија. Меѓутоа сега сакаме да ја прошириме соработката и во други области“, изјави Груевски по посетата на болницата.
Соработката треба да се прошири во областите каде што болницата има најголем прогрес односно во лекување на канцер, бидејќи АКХ има напреден центар за лекување на оваа болест, но и во други области на трансплантации пред се на трансплантација на црн дроб, срце и бели дробови.
Професорот Томас Солиман од Универзитетската клиника изјавил дека соработката со Македонија на ова поле е секогаш добредојдена, посочувајќи дека оваа болница постојано обучува кадри од повеќе земји.
„Соработката со Македонија е во повеќе области пред се размена на студенти, доктори. Сите се добредојдени“, изјавил Солиман./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)
Македонија
Наградени ќе бидат полицајците кои вчера ја спасија жената во Вардар

Министерот Панче Тошковски, се сретна со полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски – хероите кои вчера ја спасија жена во водите на реката Вардар.
Министерот на средбата со нив уште еднаш потенцираше дека важноста на полицијата и нејзината вистинска сила и влијание врз животот и благосостојбата на граѓаните се гледа во најтешките човечки моменти.
„Херојските дела како вашето, кога директно се спасува човечки живот е повеќе од службено постапување, тоа е вистинска пожртвуваност и посветеност кон мисијата да се чува безбедноста и сигурноста на секој граѓанин и целото општество.“, потенцираше министерот Тошковски при честитките до двајцата полициски службеници за нивната херојска постапка.
Тој нагласи дека во рамките на законските можности тие ќе бидат наградени за нивната херојска постапка која е инспирација за сите нас унапредувањето на хуманиот аспект на нашите дела и постапки како обични луѓе и професионалци.