Македонија
33 починати и 1.272 новозаразени од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.948 тестирања, а регистрирани се 1.272 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 619, Битола – 75, Прилеп – 65, Куманово – 61, Тетово – 50, Кавадарци – 40, Велес – 39, Охрид – 34, Штип – 32, Струмица и Струга по 23, Кочани – 22, Кичево и Берово по 21, Гостивар – 19, Неготино – 18, Крива Паланка – 17, Гевгелија – 15, Валандово – 11, Ресен – 10, Радовиш – 9, Свети Николе, Пробиштип и Виница по 8, Делчево – 5, Демир Капија, Кратово и Пехчево по 4, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица по 2 и еден во Крушево.
Регистрирани се 868 оздравени пациенти од Скопје – 421, Охрид – 55, Куманово – 50, Прилеп – 46, Велес – 35, Кавадарци – 27, Неготино и Гевгелија по 25, Штип и Струмица по 20, Битола – 19, Гостивар – 17, Тетово и Струга по 16, Кичево – 14, Кочани и Радовиш по 12, Берово – 7, Кратово – 5, Крива Паланка и Крушево по 4, Ресен и Пробиштип по 3, Валандово, Свети Николе, Виница, Делчево и Богданци по 2 и по еден во Демир Капија и Македонска Каменица.
Пријавени се вкупно 33 починати лица: 12 од Скопје (на возраст од: 34, 45, 59, 62, 65, 72, 73, 75, 78,79, 80 и 84 години), по двајца пациенти од Прилеп (65 и 85 години), Куманово (68 и 69 години), Тетово (68 и 74 години), Велес (68 и 78 години), Охрид (49 и 83 години), Кичево (73 и 80 години) и Виница (59 и 84 години), а по еден починат е пријавен во Кавадарци (79), Битола (41), Струмица (49), Неготино (61), Крива Паланка (84), Валандово (83) и Крушево (85). Сите 33 лица се починати во болнички услови.
Направени се 3.948 тестови преку: ИЈЗ-479, ЦЈЗ Скопје-106, ЦЈЗ Битола-103, Судска медицина-40, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија–3, МАНУ-144, Жан Митрев (Филип Втори)-231, Авицена-314, Биотек-337, Систина-285, лабораторија Лаор-176, Синлаб-112, Ремедика-46, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.557.
Досега во земјата се направени вкупно 620.810 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 128.511, бројката на оздравени пациенти е 106.392, на починати е 3.749, а бројот на активни случаи изнесува 18.370.
Според епидемиолошките анализи, статистиката по градови во моментов е следна:
Скопје 57.564, активни 9.329
Прилеп 6.997, активни 1.047
Куманово 6.744, активни 782
Тетово 6.273, активни 577
Гостивар 4.493, активни 453
Велес 4.418, активни 652
Кавадарци 4.407, активни 697
Битола 4.333, активни 677
Штип 4.227, активни 410
Охрид 4.086, активни 709
Струмица 3.216, активни 315
Струга 2.667, активни 215
Кочани 2.229, активни 227
Кичево 1.986, активни 158
Неготино 1.910, активни 389
Гевгелија 1.792, активни 363
Свети Николе 1.256, активни 111
Крива Паланка 1.061, активни 104
Ресен 992, активни 155
Радовиш 886, активни 101
Дебар 848, активни 44
Делчево 840, активни 88
Берово 832, активни 112
Пробиштип 681, активни 93
Виница 600, активни 63
Валандово 505, активни 74
Крушево 431, активни 129
Богданци 401, активни 70
Демир Капија 353, активни 81
Кратово 326, активни 24
Демир Хисар 322, активни 43
Македонски Брод 292, активни 30
Пехчево 230, активни 30
Македонска Каменица 203, активни 9
Дојран 110, активни 9
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Велеа решен проблем со транспортерите, а не е, ќе понесе ли Николоски одговорност
Вицепремиерот Николовски велеше не се секирајте проблемот на транспортерите е решен, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем, но еве не е решен, укажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средбата со Општинската организација на СДСМ во Гевгелија. Филипче посочи дека дел од компаниите веќе се селат во Бугарија и во Хрватска.
„Гледате како излажа вицепремиерот Николовски за транспортерите. Што велеше, не се секирајте, завршен е проблемот, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем. Еве, не е така. Ќе понесе ли одговорност затоа што не ја зборел вистината? Зборувавме со неколку компании. Веќе се селат во Бугарија и во Хрватска. Таму ќе ги регистрираат транспортните компании“, рече Филипче.
Во обраќањето Филипче нагласи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ја доведе државата до состојба на изолација и без јасен план за напредок, што носи сериозни последици врз економијата, компаниите, граѓаните.
„Целосно не изолираа, целосно не изолираа. Ќе го враќаа името, ќе обезбедеа подобра преговарачка позиција. Ништо од тоа. Ништо. Ние сме изолирани, слепо црево на Балканот. Нема план како напред, кажува премиерот, што не кажуваше пред изборите 2024 дека ќе го запре целосно европскиот пат и нема да има уставни измени. Тој велеше и ветуваше, ќе има подобра преговарачка позиција за земјата. Затоа му дадоа поддршка луѓето, не за да го запре европскиот пат на земјата којшто трае од 1991 прва година“, рече Филипче.
Тој додаде дека премиерот Мицкоски нема право да ја држи изолирана државата и да ја загрозува иднината на граѓаните.
„Тој нема право да го прави тоа, тој нема никакво право, ни морално, ни политичко, да ја запре земјата, да ја изолира, да не стави целосно на страна, под силно влијание на српско-унгарски интереси, на медиумска мрежа којашто не ја кажавме ние, ја анализираа независни истражувачки новинари.Кажаа дека таква мрежа, која што шири антиевропски наратив, проруски наратив е контролирана од Орбан. 40% од медиумите кај нас се под контрола на Орбановата мрежа на медиуми“, рече Филипче.
Македонија
Воена вежба на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро, надлежните апелираат на внимателност до месното население
СВР Охрид известува дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда, воена вежба ќе реализираат припадниците на македонската и белгиската армија.
„При извршување на вежбовните активности, ќе биде употребена маневарска муниција поради што, апелираме до месното население на адаптирање на своите обврски и внимателност при нивното извршување како и придржување до насоките на униформираните службени лица задолжени за безбедноста на подрачјето“.
Македонија
Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати
„Гледаме како се луксузирал премиерот, како го користел владиниот авион да оди на одмор без никаков срам. Треба да одговори на прашањето кој бил со него во авионот? Треба да одговори на прашањето зошто најавуваат купување на нов владин авион, за повторно да го користи во приватни цели за приватни патувања?“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на попладневната средба со партиското членство од општинската организација на СДСМ Гевгелија, во рамки на теренските активности на партијата.
Филипче ја критикуваше власта за луксузирањето и што велат од партијата, негрижата за животниот стандард на граѓаните. Тој нагласи дека во време кога граѓаните се соочуваат со постојани поскапувања и ниски примања, власта се луксузира на грбот на народот.
„Тоа ли е целта? Во време кога не сака да им зголеми плати на работниците, прават такви трошоци, луксузирање на сметка на сите граѓани. Сите граѓани го плаќаат керозинот за тој авион“, истакна Филипче.
Се осврна на животниот стандард и одбивањето на власта да ја зголеми минималната плата.
„Ние ги премоливме, дававме закони два пати, ова е втор пат како го даваме законот за минималната плата. Луѓето не можат крај со крај да врзат. 600 евра плата не е луксуз, минимална плата. Основни потреби не може да задоволува луѓето. Колку е сметка за струја, колку е потрошувачка кошничка, не може да преживеат. Нема слух, нема слух“, порача Филипче.
Тој заклучи дека Владата нема визија и нема план за подобрување на животниот стандард, туку само задолжувања и луксузирање, додека граѓаните едвај преживуваат.

