Македонија
Вкупно 70.000 граѓани ќе добијат домашна посета од лекар
Патронажните сестри оваа година ќе посетат 70.000 граѓани низ државата, од кои 10.000 ќе бидат лица над 60 години, а останатите ќе бидат пациенти од различни возрасти.
Домашните посети се реализираат во рамки на акцијата на Министерството за здравство „Домашна визита“ што започна да се реализира на 18 ноември, минатата година.
Министерот за здравство, Никола Тодоров, информираше дека во рамки на акцијата, што е наменета за изнемоштени и постари лица и лица со хронични болести на кои посетата на најблиската амбуланта им е отежната поради самата болест, до сега биле посетени околу 16.000 граѓани.
Оваа година со програмата, освен лицата над 60 години ќе бидат опфатени и лица на други возрасти.
„Како резултат на позитивните резултати и искажаниот интерес на граѓаните одлучивме да ја прошириме оваа акција и постепено ќе опфаќаме нова категорија граѓани. До крајот на оваа година ќе бидат посетени вкупно 70.000 хронично болни лица, а почнувајќи од утре во следниот период од еден месец ќе бидат посетени нови 10.000 граѓани. Во оваа група влегуваат постари лица со хронични, распираторни, кардиовакуслани болести, дијабет како и лицата со болести на р’бетот и костозголбни системи“, рече министерот Тодоров и додаде дека за ова активност се предвидени 3,5 милиони денари.
Патронажните сестри просечно посетуваат по 400 лица дневно. Посетата трае околу половина час, а матичниот лекар ја најавува неколку денови претходно.
Тодоров посочи дека „Домашна визита“ има тенденција да стане една од постојаните програми на Министерството за здравство. крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.