Македонија
Одбележан денот на Полкот за специјални операции
Свеченост по повод денот на Полкот за специјални операции (пСО) со која се одбележа и Јубилејот „20 години сили за специјални операции”, се одржа во петок во касарната ,,Илинден” во Скопје.
„Јубилеите се паметник за нашите успеси и дела, тие се нераскинлив дел од нашата историја, но и поттик за развој на Армијата како столб на одбранбениот систем на Република Македонија. Вам ви припадна честа, но и обврската да продолжите по патот на успехот по кој чекореа генерации ваши колеги во изминативе дваесет години”, им порача началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Горанчо Котески.
Во таа насока, генералот Котески посочи дека високиот рејтинг и почитта која ја уживаат припадниците на полкот е стекната со несебично залагање и упорност, прикажувајќи дека тие се дел од народот и дека се секогаш подготвени да помагаат во тешки моменти.
Воедно, НГШ се осврна и на исклучителните резултати кои македонските „Волци” и „Ренџери” ги прикажаа во петиполгодишното учество во мисијата „Слобода за Ирак”, како и во рамките на наменските сили „Феникс” во мисијата ИСАФ, Авганистан. Овој дел од историјата на полкот за специјални операции, рече генералот Котески, е овековечен со голем број одликувања и признанија добиени од страна на нашите партнери, но и од НАТО-алијансата.
На свеченоста беше прочитана телеграма од Министерот за одбрана, Талат Џафери кој е на службено патување во седиштето на Алијансата во Брисел, кој истакна дека професионализмот, посветеноста и одданоста кон задачите, се само уште една потврда дека припадниците на полкот се најдоброто од Армијата на Република Македонија. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Сега кога не се купува нов авион има пари за минимална плата од 600 евра“, велат од СДСМ
„Законот за минимална плата поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата е на дневен ред во Собранието. Овој закон е реален и конкретен одговор на барањата на синдикатите и на работниците – 600 евра минимална плата за достоинствен живот. Сега кога не се купува нов авион има пари за минимална плата од 600 евра“, велат од СДСМ.
„Дополнително, пратеничката група на СДСМ веќе предложи конкретни буџетски ставки од кои може да се обезбедат средства за зголемување на минималната плата.
Тоа значи – пари има, потребна е само политичка волја.
Нема повеќе оправдување дека нема пари.
Сите пратеници да дадат поддршка на Законот и да гласаат за 600 евра минимална плата.
Без изговори. Без калкулации.
Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат плати какви што заслужуваат“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
Утрово најстудено во Берово и Крива Паланка
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крива Паланка, -4 во Скопје – Петровец и Демир Капија, -3 во Гевгелија, Прилеп и Тетово, -2 во Охрид, Виница и Крушево.
Времето денеска
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, особено на планините каде што ќе се зголеми снежната покривка.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Македонија
„Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!“, прашува СДСМ
„Мицкоски вчера јавно изјави дека кога лета со владиниот авион, наводно се плаши за својот живот и дека „се моли на Бога да останат живи“ кога лета. Ако тоа е вистина, тогаш се поставува суштинско прашање: Како можел тогаш во таков авион да го стави своето семејство и да ги ризикува нивните животи заради приватен одмор?“, прашува СДСМ
„Освен што злоупотребил државни ресурси за приватни потреби, го ставил ли и семејството во ризик?
Ако навистина смета дека авионот е ризичен, тогаш постојат редовни комерцијални линии со економска класа. Не бизнис класа со карти од 4.000 евра, може да патува со економска класа, затоа што нашата економија не е за бизнис класа.
Наместо утре граѓаните да му бидат криви, бидејќи тие го плаќаат овој авион. Прво Мицкоски нѐ расплака со тажната приказна, сега нѐ загрижи. Се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!
Ако толку неодговорно се однесува кон сопственото семејство, како ли се однесува кога е во прашање државата?“, се додава во соопштението на СДСМ.

