Македонија
Џафери – Шавц: Успешна соработка на Македонија и Словенија во одбраната и безбедноста

Министерот за одбрана Талат Џафери оствари средба со Приморж Шавц, директор на Директоратот за одбранбена политика во министерството за одбрана на Словенија.
На средбата соговорниците изразија благодарност од успешната билатерална соработка помеѓу двете земји во областа на одбраната и безбедноста, а воедно разменија и мислења за регионалната соработка во веќе воспоставените иницијативи и проекти.
Во тој контекст, Џафери посочи дека Македонија е секогаш отворена за нови идеи кои ќе овозможат уште поблиска соработка со сите пријателски и партнерски земји, укажувајќи на тоа дека единствено преку соработка, почитување и поддршка, можат да се овозможи непречен раст и развој на сите земји од регионот.
Воедно, министерот Џафери и директорот Шавц разговараа и заедничките вежбовни активности на еден од најважните капацитети на Армијата на Република Македонија, армискиот полигон „Криволак”, а ја споменаа и исклучително добрата соработка во иницијативата СЕДМ, иницијативата Клирингхаус во Југоисточна Европа и др.
Во оваа прилика, Џафери се заблагодари и за принципиелната политика како и постојаната поддршка на Словенија во однос на стратегиските определби на нашата држава за членство во евроатлантските структури – Европската Унија и НАТО-алијансата.
Во рамки на посетата, директорот Шавц оствари средба и со државниот секретар во министерството, Сашо Стефаноски, а потпишан беше и планот за билатерална соработка помеѓу двете земји за 2014 година.
Словенија и Македонија во областа на одбраната соработуваат од 1994 година. Соработката главно се одвива во областа на воената едукација, како и експертските средби посветени на финансиите, одбранбената стандардизација, одбранбеното планирање, логистиката и слично./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Свадба во струмичкиот затвор – осуденик го кажа судбоносното „да“

Во струмичкиот затвор денес се одржа невообичаен, но длабоко хуман чин – законска регистрација на брак на осудено лице кое моментално ја издржува затворската казна.
Настанот се реализира под покровителство на директорот на установата, Зоран Ристов, и заменик-директорката, Наташа Лазарова Донева, како дел од заложбите за почитување на човековите права и обезбедување правна сигурност за сите, без исклучок, соопшти Управата за извршување санкции.
Со оваа регистрација, лицето се стекна со правен идентитет – важен предуслов за пристап до здравствена, образовна и социјална заштита, но и чекор напред кон успешна ресоцијализација.
Од Управата додаваат дека ваквиот чин е резултат на добра координација меѓу затворската управа, стручните служби и релевантните институции, и покажува дека и во пенитенцијарниот систем постои волја за хуманост, инклузивност и правичност.
Македонија
Нов ЕХО апарат на гинекологија во Чаир за побрза и попрецизна дијагностика

Специјалната болница за гинекологија „Мајка Треза“ во Чаир доби нов ЕХО апарат, со кој значително се подобрува дијагностиката кај бремените жени и пациентките со гинеколошки проблеми.
Апаратот, вреден над 3,5 милиони денари, е обезбеден со поддршка од АД МЕПСО, која донираше над 2,7 милиони денари, како и со сопствени средства на болницата во износ од 800 илјади денари.
„Со новата апаратура ја зајакнуваме грижата за здравјето на жените, токму таму каде што е најпотребно. Зад секој апарат стои грижата за секоја жена, за секоја бремена мајка, за секој нов живот“, изјави министерот Азир Алиу за време на денешната посета на установата, придружуван од директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи.
Оваа инвестиција претставува чекор кон унапредување на квалитетот на здравствените услуги и грижата за женското здравје.
Македонија
Со метален предмет го убил брата си, па го закопал во дворот од заедничката куќа: расчистено убиство во Кавадарци

Денеска (06.08.2025), ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo делo „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.
Тој се сомничи дека на 27.07.2025 во семејниот дом во Кавадарци со метален предмет нанел повреди на неговиот брат И.И.(42) од Кавадарци, од кои тој починал, по што телото го закопал во помошен објект во дворот од заедничката куќа.
Имено, вчера (05.08.2025), нивната сестра В.О.(44) во 11:00 часот во ОВР Кавадарци го пријавила за исчезнат нејзиниот брат И.И.. Додека, во 13:00 часот пријавила дека во помошниот објект во дворот од куќата на нејзините браќа, каде што отишла со сопругот, забележале дека има ископ покриен со ровка земја, по што се посомневале дека е можно нејзиниот исчезнат брат да е закопан внатре.
Веднаш по пријавата, на местото излегле јавен обвинител, полициски службеници и претставници од Институт за судска медицина Скопје, а од погребално претпријатие откопана е дупката и било пронајдено телото на И.И..
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција и вештачење. Истиот ден во 14:40 часот, по извршени оперативни проверки и добиени сознанија и во координација со јавен обвинител, полициски службеници го лишиле од слобода С.И., по што го спровеле во јавното обвинителство, каде во службен разговор го признал делото.