Македонија
Рокот за доставување на кандидатурите за претседател до ДИК истекува на полноќ
Во четврток на полноќ истекува рокот за доставување на кандидатурите за претседателски кандидат до Државната изборна комисија за претседателските избори кои треба да се одржат на 13 април.
Од ДИК информираа дека до сега своите кандидатури ги доставиле Ѓорѓе Иванов од ВМРО – ДПМНЕ, Илјаз Халили од ДПА и Зоран Поповски од Гром додека од СДСМ најавија дека кандидатурата за Стево Пендаровски ќе ја поднесат во текот на денешниот ден.
Листата со кандидатите ќе биде утврдена по пат на ждрепка која ДИК ќе ја одржи на 17 март по што вака добиената листа наредниот ден ќе биде објавена во службен весник.
Во четврток ДИК треба да ги објави и описите на изборните единици утврдени со Изборниот законик. Комисијата треба да донесе решение за утврдување на промената на описот на избирачкото место. Промената на описот на избирачкото место се врши при промена на имињата на улиците, куќните броеви и доколку се зголемува бројот на избирачи или просторната оддалеченост за определено избирачко место. Општинските изборни комисии најдоцна до 28 март ќе ги објави на видно место описите на избирачките места.
Годинава првпат има промена на бројот на избирачките места во земјата која произлегува од членот 165 од измените и дополнувањата на Изборниот законик со кој се предвидува бројот на гласачи на избирачкото место да не може да биде поголем од 1.000, па така од досегашните 2.976 нивниот број ќе порасне за 504 места односно на 3.480.
На 7 март заврши увидот во Избирачкиот список, кој ДИК во средата им го достави на политичките партии. Политичките партии во рок од пет дена од денот на приемот на ИС до ДИК доставуваат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци. По ова барање ДИК треба да донесе решение во рок од три дена, а доколку партијата не е задоволна од него може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа по приемот на решението. По тужбата Управниот суд е должен да одлучи во рок 24 часа. ДИК го заклучува Избирачкиот список за претседателските избори најдоцна до 22 март.
Кампањата за претседателските избори започнува на 24 март./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меџити-Спиропали: во фокусот актуелните случувања
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета во Скопје.
Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси на двете држави.
Спиропали и Меџити положија цвеќиња пред споменикот на националниот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, во знак на почит кон визијата на овој историски водач за европската ориентација на Албанците, соопштија од кабинетот на Меџити. По тој повод, беше повторно нагласено дека иднината на Албанците е во Европската Унија, како заедница на демократски вредности и успешен модел на институционална, културна и политичка интеграција на сите народи.
„Присуството во Чаир дополнително испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание на државата Албанија кон Албанците во Северна Македонија.
Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“.
Македонија
Ѓорѓиевски: Подаривме радост на 100 дечиња од згрижувачките семејства од Скопје и од организационите единици при ЈУ Детски дом „11 Октомври“
Вечерва, срцето на градот чукаше најсилно токму таму каде што се најчистите насмевки.
Со организација на кино-проекцијата на филмот „Биби и Боби“, им подаривме радост на 100 дечиња од згрижувачките семејства од Скопје и од организационите единици при ЈУ Детски дом „11 Октомври“, истакна скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, откако беше организирана посебна вечер наменета за децата од згрижувачките семејства и од ЈУ Детски дом „11 Октомври“.
„Сала исполнета со смеа, возбуда и детска искреност, моменти што нè потсетуваат колку малку е потребно за голема среќа, а колку многу значи вниманието.
По завршувањето на филмот, поделивме новогодишни пакетчиња за сите дечиња.
Како градоначалник, но пред сè како човек, останувам цврсто посветен на создавање можности, поддршка и сигурност за најмладите, особено за децата кои се дел од системот на социјална заштита.
Нивната радост е нашата најголема обврска.
Секое дете заслужува внимание, љубов и убави празнични денови“.
Македонија
Намалена видливост поради појава на магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 70 метри има на патниот правец Дебар – Струга, од 100 – 150 метри на патниот правец Куманово – Крива Паланка и од 50 – 100 метри на патниот правец Велес – Катланово.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Фото: депозитфотос

