Контакт

Македонија

Децата се најчести жртви на сексуално злоставување во Македонија

Објавено пред

Во текот на 2013 година, на подрачје на целата држава, регистрирани се вкупно 151 кривично дело од областа на кривичните дела против половата слобода и морал, а од вкупниот број, повеќе од половината или поточно 83 дела се извршени над деца, соопшти Министерството за внатрешни работи.

dobivaj vesti na viber

Годинава, најголем број од сторителите се татковци, очув, дедо, професор, други роднини, соседи, љубовници, познаници, а во многу мал број случаи сторителите не ги познавале жртвите претходно.

„Загрижува фактот што сексуалните деликти извршени над деца се зголемени во споредба со минатата година за 63%. Порастот првенствено се должи на зголемениот број дела „полов напад над дете кое не наполнило 14 години”, кои се зголемени за 47%. Во рамките пак на сексуалните злоупотреби, децата до 14-годишна возраст се јавуваат во 70% од кривични дела, односно 58 дела се извршени над оваа категорија лица. Кривичните дела се извршени од страна на 51(86) сторител над 53(91) деца до 14 годишна возраст. Статистичките показатели, укажуваат дека состојбите на овој план во споредба со 2012 година, се значително влошени, односно бележиме зголемување на овој вид кривични дела од 63%”, се наведува во соопштението на МВР и се додава дека само три кривични дела останале нерасветлени, од кои „задоволување полови страсти пред друг„, „обљуба со злоупотреба на положбата” и „производство и дистрибуција на детска порнографија”.

Жртви на сексуалните злоупотреби во 2013 биле 98 деца, од кои 70 од женски и 28 од машки пол. Притоа, најмладата жртва на сексуална злоупотреба е машко дете на возраст од четири години.

Според видот, најзастапено е кривичното дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години-50 дела, или процентуално ова дело е 60% од вкупниот број дела над деца, додека останатите дела се застапени во многу помал број.

Гледано по подрачја, сексуалните злоупотреби над деца се најчести за подрачјето на СВР Скопје и СВР Битола.

„Притоа, можеме да заклучиме дека почесто се вршат сексуални злоупотреби во урбаните средини, каде се извршени две третини од кривичните дела, а една третина во рурални подрачја. Според местото на извршување, поголемиот дел од делата, или 65% се извршени во затворени објекти (најчесто куќи на сторителите или родители на жртвите, потоа викендички, напуштени објекти, помошни простории, воспитни установи и сл.), додека останатите 35% од делата се извршени на отворен простор”, се наведува во соопштението.

Според времето на извршување, најчесто злоупотребите се вршеле во текот на денот, но за дел од случаите не може со сигурност да се утврди точниот временски период на извршување на делата или пак се одвивале континуирано. Во тие случаи жртвите биле изложени на сексуално насилство подолг временски период, а регистрирани се осум такви случаи годинава или еден помалку во споредба со минатата година

Забележана е појава, која од година на година, станува сé поочигледна, а тоа е што сторителите на овие деликти, се почесто напаѓаат деца од нивното најблиско опкружување, односно претходно се познаваат со жртвите. Овие познанства им помагаат да се зближат со нападнатите, искористувајќи ја нивната доверба. Така, сé почесто се случува напаѓачите да се роднини, пријатели, соседи, познаници на жртвите. Годинава, сторителите се татковци, очув, дедо, професор, други роднини, соседи, љубовници, познаници, а во многу мал број случаи сторителите не ги познавале жртвите претходно.

Според начинот, сторителите при извршување на делата, во 34 случаи употребиле физичка сила за да ги совладат жртвите, во четири случаи ја искористиле психофизичката немоќ на жртвите, во три случаи малолетниците добивале ситни износи на пари, три случаи со разни ветувања, во по еден случај со закана со нож и со секира, додека во останатите случаи со вербална закана.

Најголем број од сексуалните напади годинава се вршеле од поединци, во три случаи злоупотребите се извршени од двајца сторители, а во само еден случај од група од тројца сторители.

Според возраста, најголем број од сторителите се во категоријата од 18 до 30 годишна возраст, но загрижува што овие дела се почесто го вршат лица до 18 години. Според завршеното образование, најголемиот број или 43 се со основно образование, 21 со средно образование, 16 се со завршено четврто одделение, тројца се без образование и двајца се со високо образование. Според работниот статус, најголем број од пријавените сторители се невработени-55, 29 се во работен однос, а еден бил пензионер.

„Според сите изнесени податоци може да се заклучи дека профилот на сторител на сексуални злоупотреби би изгледал вака: Маж на возраст од 20 до 30 години, со неоформено образование, без квалификации, невработен е припаѓа на ниските социјални слоеви. Тој најчесто напаѓа девојчиња, најчесто од социјално загрозени семејства, претходно ја познава жртвата, односно е дел од неговото социјално опкружување”, соопштува МВР./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен

Објавено пред

Од

Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.

dobivaj vesti na viber

„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.

Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.

„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.

Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.

„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.

Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.

„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари

Објавено пред

Од

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

dobivaj vesti na viber

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.

Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.

На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.

Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.

Прикажи повеќе...

Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Објавено пред

Од

На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ8 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија8 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија9 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија10 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија10 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион11 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија12 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија12 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет12 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет13 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа13 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет13 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет14 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа14 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион23 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија24 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...