Македонија
Ивановски: MatriX ќе ги намали цените, а ќе ја зголеми брзината на интернетот
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и директорот на Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет, Сашо Димитријоски, во вторник ја посетија систем салата на националната точка за размена на интернет сообраќај MatriX.
„Со воведувањето на ваков јазол, каде сите интернет провајдери се поврзуваат, цените за интернет услугите може да бидат намалени од 15 до 20 проценти. Заедно со МАРнет го поставивме овој проект како приоритетен, со што граѓаните ќе можат да користат побрз интернет. Истовремено, ќе се придобијат многу поконкурентни услуги и пакети на пазарот”, рече министерот Ивановски.
Според него, Македонија ја исполнува препораката на Комисијата за широкопојасен интернет, најосновниот пакет за интернет услуги да биде до пет проценти од просечната плата на домаќинствата.
При неодамнешната посета на компанијата Google во САД, министерот Ивановски го претстави проектот за заедничката точка за интернет сообраќај.
„Оттаму изразија желба да ги постават и нивните сервери во оваа просторија. Откако ќе биде во функција оваа сала повторно ќе се обратиме до Google и се надеваме да ги видиме и нивните сервери да бидат дел од оваа систем сала. Aко за отворање на одредена веб страница досега биле потребни три секунди, тоа сега би било за една секунда, па и многу пократко”, додаде Ивановски.
Откако ќе се воспостави националната точка за интернет размена, провајдерите во Македонија ќе можат меѓусебното поврзување да го остваруваат преку систем салата, наместо во некоја од точките за размена на интернет сообраќај во Европа.
Директорот на Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет, Сашо Димитријоски, соопшти дека систем салата е изградена според најсовремени светски стандарди, со најсовремена технологија и сигурносни системи, што ќе гарантираат непречено функционирање.
„Автоматски ќе се постигне посигурен и побрз интернет. Сообраќајот што ќе биде лоциран во Македонија ќе се затвора тука, значи нема потреба да излегува надвор, а тоа ќе им овозможи на голем дел компании што нудат интернет содржини со поевтина цена да можат да стигнат до крајните корисници. Истовремено, компаниите ќе имаат помали трошоци отколку досега”, рече Димитријоски. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

