Македонија
Посета на министерот Џафери и генералот Котески на основната борбена обука на професионалните војници
Како министер за одбрана сакав лично да се уверам дека тука сè што работите е соодветно и дека ги имате сите средства кои ви се потребни. Ве уверувам дека ќе направиме сè што е во наша моќ за да создадеме најдобри работни услови, истакна министерот за одбрана Талат Џафери по посетата на новопримените професионални војници кои во моментов го посетуваат курсот за основна борбена обука во центарот за обука „Пепелиште”.
Џафери потсети дека оваа класа професионални војници се разликува од досегашните по тоа што во работниот однос со Армијата влегува со целосна егзистенцијална сигурност за себе и за својата фамилија имајќи ги предвид законските дополнувања со кои професионалните војници по 45-тата година од животот ќе продолжат да работат во државната служба.
При посетата на професионалните војници началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Горанчо Котески, изрази очекување тие да се оспособат за основите на тоа што значи војничката професија, што е потребно за нивното идно доусовршување. Основно е, посочи генералот, вие меѓусебно да се запознаете, да се почитувате, да бидете јак војнички колектив кој дише заедно, а заедно се соочува и со истите предизвици. Котески додаде дека најважно е војниците да го сочуваат своето здравје бидејќи тие и требаат на Армијата здрави, физички подготвени, психички стабилни и подготвени да слушаат наредби.
При посетата, челниците на Министерството и на Армијата ги разгледаа и просториите во кои се сместени професионалните војници, а воедно беа сведоци и на показната вежба „тим во напад во денски услови”.
168-те професионалните војници од кои 11 се припаднички на понежниот пол, примени на последниот јавен оглас, во текот на едномесечниот основен курс на „Пепелиште”, се запознаваат со задачите и обврските кои произлегуваат од службата во Армијата на Република Македонија, како и со основните војнички вештини и борбената обука. Тие во рамки на курсот ќе бидат теоретски и практично тестирани со што ќе се потврди нивното познавање на сите елементи кои се дел од професијата војник во Армијата на Република Македонија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

