Македонија
Продолжува судскиот процес против Шиповиќ за случајот „Претседавач“
Мирослав Шиповиќ и уште единаесет други обвинети во четврток во 10 часот повторно ќе се најдат на обвинителната клупа во Основен Суд Скопје 1 за каде е закажано продолжението на судскиот процес за случајот „Претседавач“.
Во првото рочиште претседателот на Советот на општина Центар во случајот „Машинопромет” тврдеше дека не направил никаква злоупотреба на службената позиција како претседател на управниот одбор на фирмата.
Се бранеше дека ниту тој ниту некој друг од останатите 11-мина обвинетите се стекнал со имотна корист од еден милион евра, ниту пак е направена штета на државата од 17 милиони денари.
Судскиот процес за случајот „Претседавач” почна на 27 февруари, а Шиповиќ беше уапсен на 15 октомври на аеродромот во Виена на враќање за Македонија од САД.
Тој и единаесет други лица, меѓу кои и неговиот брат, се товарат дека направиле злоупотреби во „Машинопромет” и финансиски криминал од 1 милион евра.
Во својата одбрана на првото рочиште Шиповиќ истакна дека неговата фирма го откупила долгот на Машинопромет кон Поштенска банка само за да не се отвори стечајна постапка, а исто така тврдеше и дека членовите на управниот и надзорниот одбор не добивале ни паушал за нивната работа./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

