Македонија
Македонија петта земја во светот со национален кириличен домен (.мкд)
Претставување на кириличниот домен (.мкд) се одржа во четвртокот во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Со ова, Македонија стана петта земја во светот со национален криличен домен.
„Со националниот домен (.мкд) ќе можат да се регистрираат веб страници на кирилично писмо коишто досега не можевме, односно ќе бидат опфатени карактеристични букви од нашата азбука како што се Љ, Њ, Ѓ, Ж, Ч, Ш, Џ. Такви примери се Ченто.мкд, Чаир.мкд, ЃорчеПетров.мкд, Љубаништа.мкд, Маџармаало.мкд, Коњаник.мкд, Живојно.мкд, Жабени.мкд и голем број други пример”, рече министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.
Додаде дека ќе се креираат повеќе македонски содржини на кирилично писмо, фактор којшто го следат многу глобални институции за развојот на информатичкото општество.
„Ова претставува и голем чекор напред во битката на Македонија и на македонскиот народ да се избориме со наметнатите неправди од страна на дел од нашите соседи кои континуирано го игнорираат, омаловажуваат и непризнаваат постоењето на македонскиот јазик. Големо достигнување е за нас што успеавме да извојуваме уште една и правна и политичка битка на меѓународен план, но за тоа требаше многу трпение, многу лобирање, напорна работа од страна на сите субјекти вклучени во овој процес”, додаде Ивановски.
Инаку, по Русија, Србија, Казахстан и Монголија, Македонија ќе биде петтата земја во светот која ќе има кирилична верзија на национален домен.
Директорот на МАРнет, Сашо Димитријоски се осврна на техничкиот процес околу регистрацијата на македонскиот национален кириличен домен, додавајќи дека тој беше ставен во официјалното барање на Република Македонија, поднесено до Интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви (ICANN). Се очекува организацијата ИАНА, која е под надлежност на Националната ИТ Агенција на САД, што поскоро да го внесе .мкд доменот во системот.
Министерот Ивановски упати благодарност до граѓаните на Република Македонија, кои со гласање преку анкета го избраа доменот (.мкд)./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

