Македонија
Македонија и Кина со одлични односи и соработка во одбраната и безбедноста
Македонија и Кина имаат одлични односи и плодна соработка во областа на одбраната и безбедноста, факт кој може да се потврди и преку честите контакти меѓу високи претставници на двете земји, истакнаа министерот за одбрана Талат Џафери и амбасадорот на Кина, Цуи Зхивеи на проштална средбата која се одржа во Министерството за одбрана.
Џафери во оваа пригода му се заблагодари на амбасадорот Зхивеи за неговата поддршка и за поддршката која неговата земја ја дава на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Македонија во форма на донации на компјутерска опрема, како и за можностите за воена обука и школување на припадници на АРМ во Кина и воедно му посака успех на личен и професионален план и во иднина.
За време на средбата од страна на двајцата соговорници беа разменети позитивни впечатоци за досегашната одлична меѓусебната соработката и во таа прилика беше истакнато дека истата ќе продолжи и во иднина.
Соработката во областа на одбраната, двете земји ја темелат на Спогодбата потпишана во 2004 година, со која се регулираат меѓусебните контакти во повеќе области, и тоа воената наука и технологија, военото образование, воената култура, спорт и медицина и сл. Одличните односи меѓу двете земји се потврдуваат и со посетата на министерот за национална одбрана на Кина на Македонија, која беше реализирана на почетокот на минатата година./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

