Македонија
Заврши рокот за изјаснување на ДИК по приговорите на ДУИ и СДСМ
Иако рокот за разгледување на приговорите за избирачкиот список истекуваше во четвртокот на полноќ Државната изборна комисија ја прекина седницата при разгледувањето на приговорот на СДСМ.
Таа продолжува со работа во петок , а во меѓувреме стручните служби се задолжени да ги проверат тврдењата на СДСМ за двојни податоци и починати лица на избирачкиот список.
Претходно работата на комисијата беше запрена по барање на потпретседателот на Државната изборна комисија, Субхи Јакупи, кој побара тричасовна пауза за проверка на податоците од избирачкиот список во МВР по однос на приложените приговори од страна на ДУИ, по што комисијата продолжи со работа во попладневните часови.
Апсурдно е да се бришат гласачи од Избирачкиот список со уредно добиени документи, истакнаа членовите на ВМРО – ДПМНЕ, кои оценија дека целата оваа ситуација е всушност чиста манипулација од страна на СДСМ која поднесе барање за проверка на над 20 илјади избирачи од 22 општини запишани во Избирачкиот список.
Со три гласа „за”, три гласа „против” и еден воздржан, ДИК не го прифати приговорот на ДУИ во кој се бара да се проверат 453 гласачи кои фигурираат во Избирачкиот список, а десетици од нив имаат пријавено иста адреса на живеење.
Партијата на Али Ахмети во рок од 24 часа има право на приговор за одлуката на ДИК до Управниот суд.
Рокот за изјаснување на приговорите истече во четвртокот./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

