Македонија
Пендаровски: Во Македонија живеат граѓани кои немаат еднакви права
Претседателскиот кандидат од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски, одржа митинг во Струмица и на присутните им вети програма во која ќе бидат опфатени сите граѓани подеднакво и дека ќе се бори против социјалната раслоеност во државата во која живеат граѓани кои немаат еднакви права.
„Оваа политичка гарнитура која ја води државата направи две категории на луѓе. Едната се нивните, а другата категорија сме сите ние останати. Направија во оваа земја да не може да се вработи никој без партиска книшка. Во последните 5 години се иселуваат многу повеќе млади луѓе, за разлика од годините кога имавме војна кога беше најтешко. Но и во тоа време народот имаше повеќе верба дека ќе ја биде работата за разлика од денес. Сега кога не сме загрозени, луѓето бегаат од државата. Сето тоа е поради нивната политика раздели па владеј”, истакна Пендаровски.
Според Пендаровски, Македонија креира катастрофални односи со соседите, а изминативе пет години како што истакна државата немала претседател кој ќе биде коректор на политиките на извршната власт. Пред Струмичани вети департизирање на институциите.
Претседателскиот кандидат на СДСМ рече дека има решение за сите проблеми и нагласи дека клучните датуми се 13 и 27 април.
„Нема да имаме подобра шанса. Што ни е потребно? Нови лица, нови политики, досегашните се стари транзициски политичари кои десеттина години се на власт. Видовме колку можат да направат, време е да им кажеме благодариме и да донесеме нови луѓе„, рече Пендаровски./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

