Македонија
Изградба на канализациски систем во Тремник
Со инвестиција вредна 175 илјади евра, средства кои ќе ги одвојат Министерството за транспорт и врски и локалната власт, ќе се решава проблемот со фекалниот канализациски систем во неготинското село Тремник, а со тоа ќе се реши проблемот на 1000 жители кои се населени во 250 куќи.
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, заедно градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов, во средата извршија увид врз градежните активности на теренот.
Јанакиевски потенцираше дека проектот е едно од ветувањата предвидено во програмата и дека до сега работите се одвиваат добро.
„Согласно утврдената динамика изградбата се состои во три дела. Првиот дел е канализациска мрежа во селото, вториот дел е колекторски систем и на крај пречистителна станица по која пречистените води треба да завршат во реката Вардар”, изјави министерот Јанакиески.
Градоначалникот на Неготино истакна дека со овој проект се решава проблемот со канализацијата во селото односно главното барање на населението од Тремник кое до сега користело септички јами./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

