Македонија
Верските лидери ги повикаа граѓаните на достоинствено изборно изјаснување
Поглаварите на верските заедници во земјава со соопштение ги повикаа граѓаните на претстојните избори слободно да излезат и да дадат свој придонес во изборот на идниот претседател на државата и идниот владин состав, а со тоа и да си го искористат своето право загарантирано со Уставот, притоа придржувајќи се во духот на богоугодно и човекољубиво однесување затоа што, како што се вели во соопштението, сите имаат одговорност за иднината и просперитетот на Македонија.
„Да потврдиме дека сме земја и луѓе со демократски и државотворен капацитет, со меѓународни принципи, но пред сè следбеници на вистински религиозни и духовни вредности. Слободата на изборот е основно човеково право, кое не е само придобивка на современото демократско општество, туку е фундаментален дел и од учењето на секоја религија”, се вели во соопштението.
Поглаварите на верските заедници посочуваат дека слободата во изборот, што е цел на волјата на сите граѓани и на нивното убедување или, пак, моментно расположение, мора да биде разумна, да биде достоинствена, пред сè во согласност со позитивните законски прописи на општеството, односно државата во која живеат и, секако, во согласност со основниот природен морален кодекс со кои сите се создадени од Бога.
„Ниедна религија во светот не повикува, не проповеда човекот да излезе од рамките на својата егзистенцијална матрица, односно од својот идентитет на добро, разумно и културно битие”, стои во заедничкото соопштение на поглаварите на верските заедници во Република Македонија./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

