Македонија
Почна оценувањето на СПБГ и ЛМБ согласно концептот на НАТО
Декларираната Средна Пешадиска Баталјонска Група (СПБГ) во среда успешно изврши марш од касарната „Боро Менков” во Куманово до армискиот полигон (АП) „Криволак” и изведе офанзивни операции во реонот на „Џидимирци”, како една од првите борбени постапки со која започна оценувањето на оваа единица, согласно Концептот за оперативни способности на НАТО.
На АП „Криволак” СПБГ ќе се оценува низ решавање на повеќе настани и инциденти, во кои ќе треба да ги изврши следните задачи: блокада на пат, ескортирање и напад на конвој, постапки при наоѓање на експлозивна направа, формирање на постојана и мобилна контролна точка, мобилна и извидувачка патрола, постапки при артилериски напад на база, кордон и пребарување, реакција на контаминирано земјиште, евакуација на повредени и заболени (MEDEVAC, CASEVAC) и друго.
Оценувањето на Лесната маневарска болница (ЛМБ) се врши со имплементацијата на стандардните оперативни процедури при MASCAL (ситуација кога има масовен број на сериозно повредени) од укажување на прва помош, прием, тријажа, хируршки третман, стабилизирање и медицинска евакуација по воздушен пат доколку е неопходен третман од повиско ниво на здравствена заштита.
До крајот денот беше реализиран и проектот од доменот на цивилно-воената соработка за Донацијата од АРМ, која се состои од една целодневна ужина од прехранбени продукти од целокупното раководство на вежбата и Полската болница, во име на учесниците на вежбата „Македонски Блесок – 10″ во Специјален завод за ментално ретардирани лица – Демир Капија. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

