Македонија
МВР и викендов ќе издава лични документи

Министерството за внатрешни работи преку соопштение информира дека управните служби на оваа институција ќе работат и утре на целата територија на Република Македонија со цел, како што истакнуваат, да им излезат во пресрет на граѓаните кои сакаат да поднесат барања за издавање на лични карти.
Истите ќе бидат одобрени и поднесителите заедно со граѓаните кои веќе аплицирале ќе имаат можност да си ги подигнат во недела.
Службите на МВР во сабота ќе работат од осум часот и триесет минути до шеснаесет часот и триесет минути.
Во недела издавањето на лични карти ќе се одвива во ист временски интервал како и изборниот процес односно од седум до 19 часот.
„Сите граѓани кои од какви било причини во овој период останале без лични документи, а ги има на избирачкиот список и сакаат да го остварат своето избирачко право, ќе може да извадат документи за да им биде овозможено гласањето”, изјави во петокот министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претреси на повеќе локации низ државата поради сомнителни набавки на нафтени деривати

На локации во Скопје и низ државата во тек е акција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Акцијата е во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати.
– Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при БЈБ, МВР во координација со ОЈО за ГОКК по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати, штета од големи размери за буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето – информираа од Министерството за внатрешни работи.
Македонија
Николоски: Ја разгледуваме можноста Скопје и Прага да ги поврземе со авиолинија, како и можностите за нова авиолинија Охрид – Карлови Вари

Поврзување на Скопје со Прага, соработка меѓу двата аеродроми и воведување на нови авиолинии, беа тема на разговорите помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и Јири Пос, претседател на Бордот на директори на aеродромот Вацлав Хавел – Прага, на средбата што денеска се одржа во Прага.
Вицепремиерот Николоски потенцираше дека Владата е максимално посветена на поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Македонија и во рамките на приоритетите што ги реализира, се спроведуваат политики на воспоставување на широка мрежа на линии низ Европа и светот.
Тој на средбата ги презентираше можностите и условите што ги нуди државата за нови авиокомпании заинтересирани за операции од двата домашни аеродроми, истакнувајќи дека Владата ја разгледува секоја можност за соработка, упатувајќи на условите за финансиска подршка за воведување на нови линии.
На средбата се отвори и прашањето за соработка меѓу аеродромот во Прага и Меѓународниот аеродром Скопје, како и можноста за воспоставување на нова линија меѓу Скопје и Прага, имајќи ги предвид добрите билатерaлни односи меѓу двете земји и потребата од поблиска комуникација меѓу двата народи.
Исто така вицепремиерот Николоски на средбата ги истакна и потенцијалите на аеродормот во Охрид и туристичката понуда што ја овозможува охридско-струшкиот регион, како предност за воспоставување на нова авиолинија до Охрид. Притоа се разговараше да се разгледа можноста за воспоставување на нова авиолинија Охрид – Карлови Вари.
Во рамки на работната посета на Прага, вицепремиерот Николоски денеска оствари и средба со претставници на автомобилската компанија Шкода на која се разговараше за идна сорботка.
Вицепремиерот Александар Николоски е во работна посета на Чешката Република, каде учествува на пленараната сесија на Заедничкиот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република
Скопје
Затекнати камиони како истураат огромни количини отпад на приватна дива депонија во Драчево

Инспекторите на Град Скопје при вршење на вонреден инспекциски надзор во околината на населено место Драчево, на улицата „Јустинијан“ затекнале камиони како истураат огромни количини отпад на приватна дива депонија на територија меѓу Општина Кисела Вода и Студеничани. Станува збор за дива депонија со површина од 5.000 квдратни метри на приватен имот.
-При вршење на вонредната контрола затечена е фирмата „ГО-ИВА Бетон“ како со тешки товарни возила фрла отпад, што е спротивно на Законот за Управување со отпад и Законот за заштита на животната средина. Повторно некој свесно и за профит ги труе скопјани, а по неколкудневно следење сторителите се фатени на лице место – соопштија од Град Скопје.
Оттаму додаваат дека инспекторите продолжуваат со засилениот инспекциски надзор на терен 24 часа, со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на животната средина.
-Неселективно се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот. Континуирано поднесуваме кривични пријави за исфрлање и согорување опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад, меѓу кои и опасен канцероген отпад – потенцираат градските власти.
Тие велат дека на територијата на Скопје покрај Инспекторатот на Град Скопје, има уште вкупно 14 институции кои имаат надлежност и обврска да постапуваат при загадување на животната средина и загрозување на здравјето на граѓаните.
-Досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат иако за истото имаат законска обврска – заклучија од Град Скопје.