Македонија
Одбележување на Денот на слободата на медиумите
Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан ки-Мун, по повод Денот на слободата на медиумите изјави дека слободата на медиумите е едно од основните човекови права клучно за опстанок на демократијата.
„Слободата на медиумите е клучна за опстанок на демократијата…слободата на изразување, независните медиуми и општиот пристап до знаењето ќе ги зацврсти нашите напори за постигнување трајни резултати за луѓето на планетата”, изјавил Бан ки-Мун.
Тој предупредил дека новинарите и понатаму се киднапираат, апсат, малтретираат и убиваат затоа што зборуваат за „непријатните вистини”.
„Ги повикувам сите влади, општества и поединци активно да го бранат ова темелно човеково право”, порачал тој.
Ки-Мун потсетил дека лани се убиени 70 новинари, од кои повеќето ги загубиле животите во местата во кои има вооружени судири. Оваа година до сега загинаа 14 новинари.
„Од 1992 година бројот на убиени новинари надмина 1000 што е речиси по еден новинар секоја недела. Ова се вознемирувачки бројки. Зад ваквата статистика стојат мажи и жени кои ја извршувале својата законска работа”, рекол ки-Мун.
Собранието на ОН го прогласи 3-ти мај за Светски ден на слободата на медиумите во 1993 година во согласност со Општата декларација за човековите права.
Претставничката за слобода на медиумите од ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ им одаде почит на новинарите ширум светот по повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите и ја нагласи нивната значајна улога во развојот на демократијата.
„Меѓународниот ден на слободата ни слуЖи да се потсетиме на важноста на слободата на медиумите и основната улога што тие ја играат во цивилното општество. Тоа е ден кога треба да им се оддаде признание на новинарите кои работат под се потешки услови ширум светот”, нагласила Мијатовиќ во соопштението.
Таа истовремено изразила длабока загриженост поради безбедноста на новинарите ширум светот, особено укажувајќи на ситуацијата во Украина.
Меѓународните организации, според неа, мора заедно да вршат притисок на владите за да се осигура безбедноста на новинарите.
Канцеларијата за слободата на медиумите на ОБСЕ во петок го издаде второто издание на прирачникот за безбедност на новинарите.
Европската федерација на новинарите ги повика креаторите на европските политики и националните влади во Европа да вложат поголеми напори за гарантирање на слободата на медиумите и унапредување на медиумскиот плурализам и да се спротистават на загрижувачките трендови на ерозија на медиумските слободи во Европа.
Меѓународната организација Репортери без граници по повод 3 Мај објави листа на 100 херои на информирањето на својата веб страна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Стојаноска: Време е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме како до сега
„Во текот на вчерашниот ден направивме анализа од резултатите од првиот изборен ден на претседателските избори и истото покажува дека голем број на нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми и Бошњаци го имаат дадено својот глас за нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова“, рече Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.
„Во име на тоа, од срце им се заблагодарувам на сите мои сограѓани и ги повикувам истото да го направат да го направат и во вториот круг имено ВМРО-ДПМНЕ подава рака кон сите, време е, момент е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме како до сега, туку да вложиме да инвестираме во вистинска слобода, вистинска благосостојба и вистински соживот особено за нас особено во шестата изборна единица. Време е заедно да се спротивставиме на криминалот и Македонија да ја направиме своја и горда“, изјави Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.
Македонија
„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма
Иновативната формулација на „Алкалоид“ АД за лекот со додадена вредност „Омепразол“ во течна форма, готов за употреба, прва од ваков тип во светски рамки, е прогласена за „Патент на годината за 2023“ од Државниот завод за индустриска сопственост, во рамките на пригодното одбележување на Светскиот ден на интелектуалната сопственост – 26 април.
Меѓународната патентна пријава на „Алкалоид“ за „Oмепразол“ во течна форма беше поднесена на 17 април 2020 година, со опфат на голем број региони и земји, меѓу кои земјите од Европската Унија, САД, Канада, Кина, земјите од Евроазиската економска унија и други. Патентната пријава при Европскиот завод за патенти, чии ингеренции опфаќаат патентни активности во 39 земји во Европа, беше одобрена на 3 август минатата година и валидирана во триесетина земји, меѓу кои и Македонија.
Патентот на „Алкалоид“ АД ја заштитува течната фармацевтска дозна форма на „Омепразол“, која се базира на два посебни раствори содржани во двокоморско пакување, кое при отворањето автоматски ги меша двата раствора и така се добива готовиот течен омперазол за употреба. Овој препарат е наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеалната рефлуксна болест (ГЕРБ) кај малите деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасните пациенти кои имаат тешкотии со голтањето (пациети со дисфагија) и неможност за голтање (пациенти со поставени сонди за гастрично хранење и/или геријатриски пациенти).
Државниот завод за индустриска сопственост е основан на 1 декември 1993 година како самостоен орган на државната управа и е надлежен за вршење на работите во врска со стекнувањето и со заштитата на правата од индустриска сопственост кои опфаќаат патенти, индустриски дизајни, трговски марки и ознаки за потеклото на производите. Оваа институција триесетта година по ред традиционално организира активности во насока на афирмација на улогата на индустриската сопственост во поттикнувањето иновации и креативни творби.
ПР
Македонија
Први и шести мај неработни за сите граѓани на Македонија, трети мај за граѓаните од православна вероисповед
Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува дека:
1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
03 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
06 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита престојните празници.