Македонија
Вкупно 623 средношколци Роми добија стипендии

Вкупно 623 средношколци од ромска националност добија стипендии за оваа учебна година во рамки на проектот за стипендирање, менторство и туторство што петта година по ред го релизира Министерството за образование и наука во соработка со Ромскиот образовен фонд од Будимпешта.
Вкупно 412 средношколци со успех од најмалку 3.5 добија стипендии во висина од 2.200 денари, а 211 средношколци со просечен успех од најмалку 3 добија стипендии од 1.500 денари.
За својот ангажман за овие ученици, 102 наставници ментори беа стипендирани со надоместок од 3.000 денари за девет месеци, а 11 наставници тутори во мај ќе добијат хонорар од 3.000 денари.
Министерството за реализација на проектот одвои околу 6.3 милиони денари.
Министерот за образование и наука Спиро Ристовски нагласи дека најдобар показател за успешноста на проектот е зголемување на просекот во учебната година 2012/2013 на 3.83 за разлика од 2010/2011 кога просекот беше 3.56.
Во изминатите пет години стипендирани се 2.862 средношколци Роми, ангажирани се 661 ментори и за првпат оваа година 11 наставници тутори.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Петровец без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија, ги информира граѓаните дека на ден 13.09.2025 година (сабота) ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците на ул. 5 во село Огњанци (потег од основното училиште до маркет „Перо“), во општина Петровец.
Македонија
Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Под влијание на циклонска активност во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 25 l/m²) и засилен ветер. Во понеделник ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h). Во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Дел од Центар денес без вода поради дефект на водоводната мрежа

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, ги информира граѓаните дека на ден 13 септември 2025 година (сабота) ќе има прекин во водоснабдувањето во делови од Центар.
Поради уличен дефект на цевка со пречник Ф-275 мм на бул. „11 Октомври“ бб, кај Зелениот пазар, без вода ќе останат корисниците на потегот од Собранието до бул. „Кочо Рацин“, како и дел од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Прекинот ќе започне во 8 часот и ќе трае сè до санирање на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.