Македонија
Доделена државната награда за наука „Гоце Делчев“
Државната награда „Гоце Делчев“ за 2014 година ја добија три дела за особено значајни остварувања од интерес на Република Македонија во областа на науката.
Наградени се делата „Македонија-Туристички бисер- туристички потенцијали и културно историски знаменитости” на проф.д-р Благоја Маркоски, проф.д-р Тодор Чепреганов, проф.д-р Ратомир Гроздановски и Дејан Николовски, „Learning and Ressoning in Cognitive Radio Networks” на проф.д-р Лилјана Гавриловска и доц. д-р Владимир Атанасовски и трудот „Медицинска генетика” на проф. д-р Мирјана Кочова, Гордана Илиева, Елена Шокарова Ангеловска, Светлана Кочева и Виолета Атанасовска.
Наградите во недела им ги врачи претседателот на МАНУ и на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев”, Владо Камбовски.
Наградата се состои во паричен дел од пет просечни плати по награден труд и статуетка со ликот на Гоце Делчев која годинава се доделува првпат.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

