Контакт

Македонија

Доделени сертификати на 120 обучени фармацевти на знаковен јазик

Објавено пред

Со цел обезбедување на можности за социјална сигурност и целосна инклузија на глувите лица Министерството за труд и социјална политика во соработка со Националниот сојуз на глуви и наглуви лица како и со Фармацевтската Комора на Република Македонија реализираше проект за обука на фармацевти кои се стекнаа со сертификати за елементарно познавање на знаковен јазик.

dobivaj vesti na viber

На доделувањето на сертификатите присуствуваше министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој истакна дека целта на проектот е да им се даде потполна поддршка на глувите лица бидејќи, како што истакна, тие се рамноправни граѓани на ова општество.

„Сметам дека со овој проект ќе ја постигнеме целта, а тоа е реализирање на повисоко ниво на комуникација помеѓу фармацевтите и глувите лица и со самото тоа подобар квалитет на услугите кои што ќе им ги нудите на оваа група граѓани”, рече министерот Спасов во своето обраќање пред присутните.

Тој додаде дека во наредниот период, до крајот на годината, следува обука по која со лиценци ќе се стекнат дополнителни 40 нови толкувачи со што, како што истакна, на оваа група лица ќе им се олеснат секојдневни потреби за комуникација со институциите и значително за три пати ќе се зголеми бројот на лиценцирани толкувачи. /крај/мф/ап

Македонија

(Видео) Само 26 проценти реализација на капитални инвестиции, власта е тотално неспособна, велат од СДСМ

Објавено пред

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ во првите 6 месеци има катастрофални 26 проценти реализација на капиталните инвестиции.

dobivaj vesti na viber

Ова не е само катастрофална бројка. Ова е показател, доказ за целосна институционална неспособност на Владата и промашени економски политики, истакна на прес-конференција Јовица Јанковиќ, од СДСМ.

Според него, со ваква мизерна реализација, Македонија не може да напредува.

„Во споредба со истиот квартал од минатите години, реализацијата на капиталните инвестиции во првите шест месеци од оваа година е преполовена.

Во времето на СДСМ, во истиот период од 2023 и 2024 година, реализацијата изнесуваше над 60%.

Со ВМРО-ДПМНЕ имаме огромен пад, кој со себе повлекува последици по целата економија затоа што капиталните инвестиции се едни од најважните алатки за економски раст“.

Дополнително, како што вели, загрижувачки е што парите со кои власта се задолжува не се ефектутуираат за проекти, туку се трошат ненаменски за покривање буџетски дупки.

„Со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски македонската економија тоне, граѓаните имаат се помалку пари, животниот стандард опаѓа а сиромаштијата се зголемува.
Министерката Димитриеска-Кочоска во март очајно ја правдаше катастрофалната реализација со „студеното време во јануари и февруари“.
Сега е август – топло е, дали повторно температурите се виновни? Или конечно ќе признае дека потфрли владата затоа што е неспособна“, праша тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Борис Трајковски“ под лупа на ревизорите: аквапаркот под клуч, паркингот не заработува, а поддршката за самитот на ОБСЕ недокументирана

Објавено пред

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работењето на салата „Борис Трајковски“ за 2023 година. Во извештајот е наведено дека друштвото остварило приходи од закупнина во износ од 10,9 милиони денари преку 24 активни договори, но кај повеќето договори цените се намалени или останале непроменети во однос на почетните.

dobivaj vesti na viber

Во 2023 година приходите од продажба на добра и услуги изнесувале 48,8 милиони денари, што е намалување од 3 проценти во споредба со претходната година, а за 2024 година се очекува зголемување на приходите за 13 отсто.

Приходите од користење на разните објекти, како пливачки базен, лизгалиште, мала сала, кугларница, конгресна сала и пинг понг-центар, бележат пораст, а аквапаркот има пад на приходите и во 2024 година е затворен поради економска неплатливост и истекување на гарантниот рок на опремата.

Во извештајот е посочена и неизвесноста за функционирањето на соларниот систем, кој бил набавен за загревање на пливачкиот базен, поради технички недостатоци.

Исто така, друштвото не остварува приходи од стопанисување со паркингот, иако има стекнато право на користење.

Во рамките на претседавањето со ОБСЕ во спортскиот центар, друштвото обезбедило логистичка поддршка на Министерството за надворешни работи, но ревизорите укажуваат дека не се доставени записи за изведените работи и инсталации и тие сѐ уште не се ставени во владение на друштвото.

Ревизорите констатирале и други неправилности, како слабости во работењето со готовината, начинот на евидентирање на резервите суровини и материјали, нецелосно извршен попис, непропишани прецизни надлежностите за надзорниот одбор, слабости во актот за систематизација и актите со кои се уредува начинот на пресметка на платите.

Наведените состојби, неправилности и неусогласености од разна природа влијаат на изразување на мислењето со резерва за реалноста и за објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и неповолно мислење за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.

Се забележува и дека долгот од над 260 милиони денари кон Град Скопје за изградба на салата, направен во 2011 година, бил отплатен дури во периодот 2019 – 2023 година. Друштвото работело со загуба, а средствата биле обезбедени од државниот буџет.

За надминување на констатираните недостатоци, дадени се препораки до надлежните органи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Потпишан нов колективен договор, 20 проценти покачување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита

Објавено пред

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓаните на Република Македонија (УПОЗ), претставуван од претседателот Трпе Деаноски, како и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), претставуван од претседателот Јаким Неделков, од другата страна, денес официјално го потпишаа колективниот договор за вработените во јавните установи за социјална заштита.

dobivaj vesti na viber

„Со овој колективен договор се овозможува зголемување на платите за 20 % за сите вработени, вклучително и за директорите на јавните установи за социјална заштита, што претставува значаен чекор кон подобрување на нивниот материјален статус и мотивација за професионално извршување на одговорните задачи.

Покрај финансиските бенефиции, договорот ги унапредува и правата од работен однос, ги засилува механизмите за заштита на работниците и го продлабочува социјалниот дијалог меѓу Владата и синдикатите.

Ова е признание за трудот, посветеноста и за хуманата мисија на сите вработени во системот на социјална заштита. Верувам дека со подобри услови за работа ќе обезбедиме и подобри услуги за граѓаните“, истакна Лимани по потпишувањето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

„Борис Трајковски“ под лупа на ревизорите: аквапаркот под клуч, паркингот не заработува, а поддршката за самитот на ОБСЕ недокументирана

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работењето на салата „Борис Трајковски“ за 2023 година. Во извештајот е наведено...

Македонија1 час

Злато во багаж и ботокс во торба запленети на граница

Царинската управа информира дека при контроли на неколку гранични премини се спречени обиди за криумчарење различни производи, меѓу кои златен...

Македонија1 час

Синдикатот на новинарите бара зголемување на минималната плата: социјалниот статус на медиумските работници во земјата е на многу ниско ниво

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници во време на општата дебата за висината на минималната плата недвосмислено е за...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара оставка од обвинителот Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ и денеска упати јавен повик до обвинителот, Љупчо Коцевски, да си поднесе оставка поради, како што велат, компромитирање на...

Македонија4 часа

Царините на Трамп стапија во сила, стапката за Македонија е 15 отсто, како и за земјите од ЕУ

Царините на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија...

Свет5 часа

Зеленски ги објави петте приоритети за украинската одбрана – 50 отсто домашно оружје на фронтот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги претстави петте клучни приоритети на Министерството за одбрана, меѓу кои се зголемување на учеството...

Свет5 часа

Рубио: САД имаат појасна слика за условите на Русија за крај на војната во Украина

САД имаат подобро разбирање за условите под кои Русија би била спремна да ја заврши војната во Украина откако претставникот...

Свет5 часа

Трамп: 100 проценти царина за чипови, освен за оние кои сакаат да го префрлат производството во САД

Соединетите Американски Држави ќе воведат царина од околу 100 проценти за чипови и полупроводници увезени од земји кои не произведуваат...

Свет6 часа

Се појави писмо од Вуди Ален до Џефри Епштајн: Откриени детали за тајните вечери

Познатиот режисер Вуди Ален му испратил роденденско писмо на Џефри Епштајн додека тој сè уште беше жив, во кое детално...

Македонија15 часа

Сиљановска-Давкова по новиот инцидент на трибините: Селективната осуда е лицемерие

По новите националистички скандирања на спортските трибини, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со јавна реакција на социјалните мрежи. Таа порача дека сцените...

Македонија15 часа

(Видео) Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување...

Топ17 часа

Лихварска шема во Гостивар: Заем од 35.000 евра со камата од 15.000 за една година, па по 3.000 евра месечно

Против две лица, меѓу кои еден нотар од Гостивар и една фирма, тетовската полиција поднесе кривични пријави поради сомнение за...

Македонија18 часа

Свадба во струмичкиот затвор – осуденик го кажа судбоносното „да“

Во струмичкиот затвор денес се одржа невообичаен, но длабоко хуман чин – законска регистрација на брак на осудено лице кое...

Топ20 часа

Тешко злосторство во Кавадарци – го убил својот брат, па го закопал во дворот

Четириесет и тригодишен маж е осомничен дека по расправија го убил својот една година помлад брат, а потоа неколку дена...

Македонија24 часа

Децата на подолго болничко лекување нема да губат настава, на Детската клиника се воведува формално образование

За да нема прекин на воспитно-образовниот процес на учениците што имаат посериозни здравствени предизвици и се на болничко лекување повеќе...

Македонија1 ден

Хелсиншкиот комитет го осудува националистичкото скандирање на фудбалскиот натпревар меѓу „Шкендија“ и „Карабах“

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар...

Македонија1 ден

Девет години од катастрофалните поплави во Гази Баба, во кои загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица....

Македонија1 ден

Над 360 лица ќе ја искористат мерката на Владата за пожарникари

Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе...

Свет1 ден

ОН предупреди на катастрофални последици ако Израел ги прошири своите воени операции во Газа

Висок функционер на Обединетите нации предупреди дека може да има „катастрофални последици“ ако Израел ги прошири своите воени операции во...

Свет1 ден

Хирошима: 80 години од првата атомска бомба во светот, која уби над 100.000 луѓе

Јапонскиот град Хирошима одбележува 80 години од американскиот нуклеарен напад што го уништи градот и одзеде десетици илјади животи. Хирошима...