Македонија
Вељаноски испрати писмо со сочувство до Турција
Претседателот на собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, испрати писмо до претседателот на Големото Народно Собрание на Република Турција, во кое му изрази сочуство него и на целиот народ во Турција за големата трагедија што се случи во оваа земја.
„Дозволете ми, во свое лично име и во името на пратениците на Собранието на Република Македонија да искажам длабока жалост за трагичната загуба на човечки животи во несреќата во рудникот во Сома. Нашите мисли се со Вас, семејствата на загинатите и повредените и со целиот турски народ”, се вели во писмото на Вељаноски.
Последните информации за билансот на загинатите во несреќата во Турција говорат дека до сега загинале околу 282 лица, но се стравува дека бројот може да биде многу поголем бидејќи во ископините затрупани се уште стотина рудари./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со мала облачност и ветер
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 3 до 10 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремен засилен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 3 до 11 степени. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучк на водоводна мрежа со пречник од ф-200мм на улицата Радишанска, крак – 4 (Бел Камен), од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и населба Кучевишка Бара, општина Бутел.
Македонија
Костовски: Усвоен рекорден буџет од 848 милиони денари, Левица, ДУИ и ВЛЕН против развојот на општина Бутел
Денес на седницата на Советот на Општина Бутел беше изгласан и донесен најголемиот, рекордно проектиран буџет кој некогаш го имала општина Бутел, извести градоначалникот Дарко Костовски.
„Усвоивме развоен буџет, буџет кој е наменет и исклучиво во служба на граѓаните. Буџет кој значи реализирање на барањата на граѓаните.
За жал советниците од ДУИ, ВЛЕН и ЛЕВИЦА не го поддржа буџетот, не го поддржаа проектот за вода во Љубанци и Љуботен, нова поликлиника, не поддржаа нови улици во Љуботен, Визбегово, Скопје Север, Бутел, не поддржаа нови проекти и не го поддржа развојот на Општина Бутел“, вели Костовски.

„20 години без никаков интерес за граѓаните на општина Бутел!
63% од овој Буџет за капитални проекти!
Со овој буџет одвоени се рекорден број на финансии за капитални проекти.
Со овој буџет издвоени се финансии за реализација на:
-Нова поликлиника
-Доизградба на водоводот за Љубанци и Љуботен
-Детска градинка во населеното место Бутел 2
-Изградба на пливачки базен во ООУ “Ацо Шопов”
-Нови мостови на река Серава
-Уредување и чистење на речното корито на Река Серава
-Финансиска помош за новороденчиња
-Реконструкција на клучните сообраќајници во општина Бутел
-Реконструкција и ревитализација на голем број на помали сервисни улици
-Изградба на нова и реконструкција на постоечката атмосферска и фекална канализација
-Изградба на нови спортско рекреативни центри
-Нови детски игралишта
-Нови спортски игралишта
-Нов пешачки и пристапни патеки
-Поддршка на спортски клубови
-Спортски стипендии
-Парична помош за пензионерите
-Зголемен број на финансиски средства за помош на социјално загрозени семејства
-Финансии за културни и спортски настани

Како и изминатите години така и во овој буџет предвидени се 0 средства за репрезентација, патни трошоци, како и непродуктивни трошоци.
Парите на граѓаните мора и исклучиво ќе се користат за нивни потреби!
2026 година ќе биде година на развој, на многу нови значајни проекти во сите населени места!
Продлжуваме за модерна, стабилна и просперитетна Општина Бутел!“, соопшти Костовски.

