Македонија
СУ „Лазар Личеноски“ одбележува седумдесет години постоење

Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ во Скопје во вторник вечер ќе одбележи 70 години од формирањето.
За таа цел во училишната галерија „Лазар Личеноски” ќе бидат претставени слики, скулптури, графики, керамики, цртежи, мултимедијални дела, видеа, ентериер… Изложбата ќе биде збогатена со модна ревија на одделот за Текстил и облека, а ќе настапат и учениците од музичкото средно училиште „Илија Николовски-Луј” од Скопје.
Државното средно училиште „Лазар Личеноски” располага со нов објект и нови современи наставни програми. Од оваа учебна година наставниот план е збогатен со новиот предмет фотографија и со оддел за мултимедија.крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
За 761 оризопроизводител исплатени се 49.658.739 денари поддршка

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека денеска на 761 оризопроизводител им се исплатени 49.658.739 денари за предадена оризова арпа на регистрирани откупувачи и/или преработувачи од 1 октомври 2024 година до 28 февруари 2025 година.
Според МЗШВ, се работи за подмерката 1.1. „Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија“, а максималната количина оризова арпа прифатлива за финансиската поддршка е 8.000 килограми по пријавен хектар.
-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка 1.1. „Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, кои имаат засеани и ожнеани површини со ориз и оствареното производство го имаат предадено на регистрирани откупувачи и/или преработувачи во период од 1 октомври 2024 година до 28 февруари 2025 година, кои се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи, наведува МЗШВ и нагласува дека останува вистински партнер на оризопроизводителите
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека водат развојни политики за подобар стандард на граѓаните

Јавниот долг е намален за 4,7 процентни поени, сега е 57,7 отсто од БДП, Владата предводена од ВМРО -ДПМНЕ продолжува со развојни политики со цел подобар стандард на граѓаните., велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По 7 години власт на СДС и ДУИ и лоши економски политики, слободниот пад во економијата е запрен, економијата се консолидира и заздравува. Економските развојни политики на владата вродуваат со плод. Се намали јавниот и државниот долг. Во првиот квартал од 2025 година, заклучно со 31ви Март, намален е јавниот и државен долг. Јавниот долг е 57,7% од бруто домашниот производ, а државниот долг е 50,1% од бруто домашниот производ. Ова е најниско ниво во последните пет години и споредено со состојбата од 2020 година, јавниот долг е намален за -2%, а државниот долг е намален за -0,7%. Овие податоци и индикатори се потврда за развојните политики што ги спроведува владата. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветеноста на реализација на инвестиции кои ќе донесат повисоки стапки на економски раст, со што на долг рок дополнително ќе се намали нивото на долгот. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи домаќински и континуирано работи на привлекување странски инвестиции, отворање на нови работни места и подобар животен стандард на граѓаните“, се вели во соопштението на партијата.
Македонија
Муцунски се сретна со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Фуџии

Во рамки на работната посета на Јапонија, делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии, соопшти МНРиНТ.
На средбата бил потенциран континуитетот на одличните билатерални односи и политичкиот дијалог, граден во изминатите 30 години, кои се темелат на заемна почит и пријателство меѓу двете држави и народи. Соговорниците се согласиле дека во претстојниот период акцентот ќе биде ставен на унапредување на билатералната и економската соработка.
Исто така, биле разменети мислења за продолжување на успешната мултилатерална соработка преку взаемна поддршка на иницијативи и координација во однос на регионални и меѓународни прашања од заеднички интерес.