Македонија
МВР објави уште еден повик за волонтери
По повикот објавен на 2-ри јуни, Министерството за внатрешни работи во вторник објави дополнителен јавен повик за волонтери во секторите за внатрешни работи во Битола, Охрид и Тетово.
МВР ги повикува сите заинтересирани кандидати,студенти на факултетите од областа на правните, безбедносните и економските студии, да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа во секторите за внатрешни работи во Битола, Охрид и Тетово.
„Ги повикуваме сите заинтересирани кандидати кои сакаат да аплицираат за волонтирање да приложат уредна документација која треба да содржи: потврда за статусот на студентот од високообразовната институција на која што кандидатот студира;мотивационо писмо; кратка биографија со податоци за контакт (телефонски број и адреса на живеење)“, стои во соопштението на МВР.
Потребните документи се доставуваат во писарниците на наведените сектори, лично или по пошта. Апликациите треба да бидат со назнака „За јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во Министерството за внатрешни работи“ .
Рокот за доставување на документите е три дена од денот на објавување на повикот.
Волонтерската работа ќе се извршува во текот на летниот период заклучно до 15-ти септември 2014 година, без можност за продолжување на волонтирањето.
Повеќе информации се објавени на веб страната на МВР, www.mvr.gov.mk.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

