Македонија
Партиските лидери поканети на средба со Бучковски
Премиерот Владо Бучковски ги повика лидерите на парламентарните партии денеска да одржат средба посветена на европрашалникот и договарањето заедничка стратегија за подготовките на земјата за членство во ЕУ.
Премиерот Владо Бучковски ги повика лидерите на парламентарните партии денеска да одржат средба посветена на европрашалникот и договарањето заедничка стратегија за подготовките на земјата за членство во ЕУ. На средбата, како што е соопштено, ќе биде предложена заедничка изјава за евроинтеграциите, како и форми за заедничко дејствување во подготовките за членство. Според Бучковски, средбата би ја “потврдила конзенсуалната определба и поддршката за остварување на стратешките евроинтеграциски цели на Македонија“. Поканата од премиерот е адересирана до лидерите на сите парламентарни партии – ВМРО-ДПМНЕ, ЛП, СДСМ, ДПА, ПДП, ДУИ, НДП, СП, Демократската лига на Бошњаците, Обединетите партија на Ромите, Демократската партија на Србите, ДП на Турците и ВМРО – НП./крај/со/ег
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

