Македонија
409 нови случаи на Ковид-19 и 10 починати
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 4.751 тестирањe, а регистрирани се 409 нови случаи на Кoвид-19 од кои во Скопје – 218, Прилеп – 37, Битола – 32, Кавадарци – 19, Велес – 18, Македонски Брод – 9, Кичево и Гевгелија по 8, Куманово и Богданци по 7, Кочани, Струга и Ресен по 6, Охрид – 5, Тетово и Штип по 4, Струмица и Крива Паланка по 3, Гостивар, Делчево и Валандово по 2 и по еден заразен во Неготино, Радовиш и Виница.
Во текот на изминатото деноноќие пријавени се 9 починати лица: 6 од Скопје (62, 65, 73, 74, 88 и 90 години) и по едно починато лице од Битола (52), Кавадарци (39) и Прилеп (63). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавен е и еден смртен случај од 20 декември. Починатото лице е од Охрид, на возраст од 80 години, а смртта настапила во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=10), 3 лица се целосно вакцинирани, информираат од Министерството за здравство.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани сe 289 оздравени пациенти од: Скопје – 161, Прилеп – 21, Охрид – 17, Кавадарци – 10, Куманово, Битола и Велес по 9, Ресен – 8, Кичево – 7, Тетово и Гевгелија по 6, Струмица – 4, Свети Николе, Радовиш и Богданци по 3, Штип, Делчево Валандово и Демир Хисар по 2 и по еден оздравен од Гостивар, Кочани, Крива Паланка, Дебар и Македонски Брод.
Направените 4.751 тестови се преку: ИЈЗ-305, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-81, ЦЈЗ Прилеп-66, ЦЈЗ Тетово–12, ЦЈЗ Куманово-90, Судска медицина-4, УК Пулмологија со алергологија –4, Институт за микробиологија–6, Жан Митрев (Филип Втори)-106, Авицена-199, Биотек-233, Систина-111, лабораторија Лаор-246, Синлаб-30, Ремедика-22, Плодност–54, Генеа-16, Никоб лаб-507, ВФВ Медикал-84, Ели Медика-104, Ројал Медика–57, Спектра-ММ-23, Рапид Лаб–16, Жан Митрев Струмица–19, Нова Лаб Дијагностика–14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.263.
Досега во земјата се направени вкупно 1.581.175 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 223.739, бројот на оздравени пациенти е 211.021, на починати е 7.917, а бројот на активни случаи изнесува 4.801.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 98340, Активни 2460
Куманово 13114, Активни 103
Тетово 11419, Активни 74
Прилеп 10779, Активни 349
Битола 9213, Активни 348
Гостивар 8083, Активни 19
Велес 7503, Активни 138
Кавадарци 7398, Активни 183
Охрид 6778, Активни 219
Штип 6744, Активни 85
Струмица 6276, Активни 128
Кичево 4316, Активни 66
Кочани 4102, Активни 48
Струга 3934, Активни 29
Гевгелија 2919, Активни 83
Неготино 2628, Активни 29
Свети Николе 2153, Активни 27
Крива Паланка 1956, Активни 42
Ресен 1866, Активни 87
Радовиш 1810, Активни 40
Берово 1477, Активни 9
Делчево 1465, Активни 27
Дебар 1457, Активни 0
Виница 1180, Активни 14
Пробиштип 1142, Активни 12
Валандово 1033, Активни 56
Кратово 789, Активни 7
Богданци 687, Активни 33
Демир Хисар 642, Активни 28
Крушево 606, Активни 12
Македонски Брод 536, Активни 26
Демир Капија 434, Активни 6
Македонска Каменица 429, Активни 11
Пехчево 357, Активни 1
Дојран 174, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: МВР успешно го заокружи проектот со ОБСЕ за хибридно образование
Министерството за внатрешни работи денес официјално го одбележа завршувањето на проектот „Градење на хибриден образовен систем во Министерството за внатрешни работи на Македонија“, со кој се поставуваат темелите на современ, одржлив и технолошки напреден систем за полициска обука.
Проектот, реализиран во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и со финансиска поддршка од Сојузна Република Германија, Кралството Норвешка и дополнителни придонеси од Финска, во изминатите години овозможи суштинска трансформација на начинот на стручно усовршување и професионален развој во рамки на Министерството.
Во рамки на проектот беше воспоставен модерен хибриден модел на образование кој комбинира дигитални алатки, современи дидактички методи и долгорочен пристап „обука на обучувачи“. Развиена е програма за хибридна обука, селектирани и обучени се национални обучувачи со високи дигитални и педагошки компетенции, воспоставен е Мултимедијален центар за обука во Тренинг центарот во Идризово, како и Систем за управување со учење (LMS) кој овозможува флексибилна и квалитетна едукација.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обраќајќи се на завршниот настан, истакна дека овие резултати претставуваат јасен показател за институционална зрелост и определба за континуирано вложување во знаење и професионализација на полициската служба. Тој нагласи дека воспоставените капацитети отвораат можности за понатамошна соработка со меѓународните партнери и за активно вклучување во регионалните образовни мрежи, вклучително и Регионалната асоцијација на полициски академии и центри за обука од Југоисточна Европа.
Министерството за внатрешни работи упати благодарност до Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како и до меѓународните партнери за континуираната поддршка, нагласувајќи дека со овој проект не се става крај, туку се отвора ново поглавје во кое хибридното образование станува составен дел од секојдневното функционирање на Министерството и важна алатка за подготовка на полицијата за идните безбедносни предизвици.
Македонија
Стаменкоска Трајкоска на увид во реконструктивните зафати во ООУ „Партенија Зографски“
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес го посети ООУ „Партенија Зографски“, каде што се реализираат повеќе реконструктивни зафати. Со овие активности, општината продолжува да го унапредува образовниот простор и да создава современи, безбедни и функционални услови за сите ученици, велат од таму.
-Извршив увид во реконструктивните зафати во ООУ „Партенија Зографски“, каде што во континуитет се работи на унапредување на условите за учениците.
Поставуваме лед осветлување, во училниците и ходниците. Во моментот е во тек и реконструкција на тоалетите, што е особено важно за хигиената и секојдневниот престој на нашите дечиња во училиштето. Направени се зафати на електричните разводни табли, со што училиштето станува побезбедно и пофункционално. Со вакви вложувања покажуваме дека образованието и грижата за децата ни се приоритет и дека продолжуваме да работиме за подобри услови за учење-изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.
Македонија
Николоски: Започнаа промените во општина Карпош, ќе се реконструираат преку петнаесетина улици
Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик и ќе се развива, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош.
Николоски заедно со градоначалникот Сотир Лукровски извршија увид во реконструкција на ул. Јуриј Гагарин, проект кој се реализира со подршка на Министерството за транспорт, а во заедничка соработка со општината.
“ Ова беше заглавен проект, ова беше проект без разлика што имавме обезбедено средства, не можевме да го реализираме. Откако беше избран за градоначалник, заедно со службите во општината, успееја да ги решат сите предизвици на овој проект, да се решат проблемите и еве веќе се гради и ако се оди добро и не послужи времето до Нова година може да се заврши оваа улица, паркингот зад зградите и да се добие нов урбан лик на овој простор. Сакам да најавам дека дополнително на ова имаме уште еден проект кој се реализира со Светска банка во вредност од над 13 милиони денари, тоа е улицата Петар Чаулев, целосна реконструкција околу 600 метри што дополнително се надевам ќе допринесе за урбаниот развој на општината. На тоа додаваме уште дванаесетина проекти кои што ги резлизираме преку вториот повик на Владата и севкупно имаме значајни проекти за општина Карпош. Тука е и подршката на Владата, мојата лична подршка за дополнителни работи кои треба да ги направиме во Карпош. Со изборот на новиот градоначалник, со неговата напорна работа се гледаат промените и навистина сите имаме желба да помогнеме и да се случуваат убави работи во општина Карпош”-изјави вицепремиерот Николоски.

