Македонија
419 новозаразени и 14 починати од Ковид-19
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.285 тестирања, а регистрирани се 419 нови случаи на КОВИД-19 и тоа:Скопје – 188, Прилеп и Кавадарци – по 35, Охрид – 28, Битола – 27, Струмица – 18, Штип – 14, Куманово – 9, Велес и Радовиш – по 8, Ресен – 6, Кичево, Кочани и Берово – по 5, Тетово, Неготино и Делчево – по 4, Валандово – 3, Гостивар, Гевгелија, Пробиштип и Кратово – по 2, Струга, Свети Николе, Демир Хисар, Крушево и Демир Капија – по 1.
Регистрирани сe 211 оздравени пациенти од: Скопје – 135, Битола – 18, Кавадарци – 14, Куманово – 9, Штип – 7, Охрид и Кочани – по 5, Велес, Кратово и Богданци – по 3, Ресен и Неготино – по 2, Тетово, Гевгелија, Пробиштип, Струга и Свети Николе – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (70г и 80г) и Велес (72г и 74г) и по едно починато лице од Куманово (88г), Крива Паланка (72г), Кочани (58г), и Македонска Каменица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 15.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Велес (1), Кавадарци (1), Гостивар (1) и Демир Хисар (1). Починатите лица се на возраст од 73 до 101 години. Три лица се починати во домашни услови и три лица се починати во болнички услови.
Направени се 3.285 тестови преку: ИЈЗ-329, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-81, ЦЈЗ Прилеп-54, ЦЈЗ Тетово–10, ЦЈЗ Куманово-67, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–295, Жан Митрев (Филип Втори)-67, Авицена-129, Биотек-169, Систина-69, лабораторија Лаор-148, Синлаб-18, Ремедика-25, Плодност–27, Генеа-10, Никоб лаб-305, ВФВ Медикал-48, Ели Медика-77, Ројал Медика–54, Спектра-ММ-14, Рапид Лаб–16, Жан Митрев Струмица–15, Нова Лаб Дијагностика–9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.200.
Досега во земјата се направени вкупно 1.491.973 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.194, бројот на оздравени пациенти е 204.685, на починати е 7.688, а бројот на активни случаи изнесува 5.821.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 95478, Активни 2746
Куманово 12963, Активни 191
Тетово 11352, Активни 96
Прилеп 10383, Активни 361
Битола 8878, Активни 515
Гостивар 8074, Активни 21
Велес 7362, Активни 173
Кавадарци 7111, Активни 256
Штип 6632, Активни 119
Охрид 6555, Активни 209
Струмица 6156, Активни 126
Кичево 4236, Активни 42
Кочани 4033, Активни 108
Струга 3911, Активни 33
Гевгелија 2814, Активни 79
Неготино 2579, Активни 44
Свети Николе 2127, Активни 40
Крива Паланка 1913, Активни 73
Ресен 1769, Активни 61
Радовиш 1760, Активни 66
Берово 1465, Активни 72
Дебар 1456, Активни 1
Делчево 1428, Активни 105
Виница 1161, Активни 18
Пробиштип 1128, Активни 25
Валандово 959, Активни 48
Кратово 778, Активни 30
Богданци 646, Активни 19
Демир Хисар 621, Активни 50
Крушево 595, Активни 34
Македонски Брод 503, Активни 14
Демир Капија 426, Активни 4
Македонска Каменица 421, Активни 27
Пехчево 353, Активни 10
Дојран 168, Активни 5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски на министерски состанок во Истанбул: За справување со закани потребна е засилена координација и размена на информации во регионот
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој се одржа во Истанбул, на иницијатива на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан. На состанокот учествуваа министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан.
Во своето обраќање, министерот Муцунски ја истакна важноста на реалистичен и резултатски ориентиран пристап кон регионалната соработка, нагласувајќи дека стабилноста не е стекната, туку се гради преку јасни интереси, практична соработка и конкретни резултати што граѓаните ги чувствуваат во секојдневниот живот. Тој потенцираше дека во услови на зголемена глобална фрагментација, конкурентност и безбедносни предизвици, земјите од Западен Балкан треба да ја претворат својата географија во предност, а политиката во мерливи исходи.
Министерот Муцунски ја нагласи значајната улога на Република Турција како сосед, сојузник во НАТО, важен економски партнер и стратешки мост, оценувајќи дека Балканската платформа за мир претставува корисен механизам за претворање на дијалогот во конкретни активности. Во тој контекст, тој предложи јасна и остварлива агенда за продлабочување на соработката меѓу Турција и земјите од Западен Балкан, со фокус на економската и инвестициската поврзаност, енергетската безбедност, подобрувањето на транспортната и трговската инфраструктура, како и задржувањето на младите и квалификуваната работна сила во регионот.
Посебен акцент беше ставен на зајакнувањето на регионалната безбедносна соработка, вклучително и справувањето со современите закани како организираниот криминал, сајбер-нападите, дезинформациите и насилниот екстремизам, при што беше нагласена потребата од засилена координација, заеднички обуки и размена на информации.
Министерот Муцунски истакна дека Република Северна Македонија е подготвена активно да придонесе кон оваа агенда, преку инвестирање во енергетска диверзификација, унапредување на регионалната поврзаност, јакнење на безбедносните партнерства и континуирана посветеност на дијалогот и добрососедските односи. Во завршницата на обраќањето, тој нагласи дека кредибилитетот на Платформата треба да се мери преку конкретни резултати, јасно дефинирани активности, носители и рокови, оценувајќи дека во актуелната деценија довербата нема да се гради врз основа на намери, туку врз основа на испорачани резултати.
Македонија
(Видео) Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на кривичниот законик, меѓу кои и членот за злоупотреба на службената положба
На денешната комисиска расправа, владејачката коалиција ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на СДСМ за измените на Кривичниот законик, соопшти потпретседателката на СДСМ и пратеничка, Јованка Тренчевска.
Според неа, меѓу одбиените предлози било и враќањето на членот 353 – злоупотреба на службена положба и овластување – на формулацијата што важеше пред измените во 2023 година. „Без силен член 353, тендерската коалиција слободно ги дели државните пари на свои фирми, без одговорност“, рече Тренчевска.
СДСМ предложиле и бришење на рокот од пет години за конфискација на имот стекнат преку криминал, но и тоа било одбиено.
„Зошто имотот украден од граѓаните да не може да се конфискува без разлика кога е стекнат? Правда со рок на траење не е правда“, порача Тренчевска.
Дополнително, биле одбиени и амандмани за воведување строги правила за функционирањето на системот „Безбеден град“, односно автоматско бришење на дигитални снимки по 48 часа и пристап само со судски налог. Како што рече Тренчевска, со тоа останува простор за злоупотреби и притисоци од страна на МВР.
Одбиени биле и предлози за драстично зголемување на казните за организиран криминал, проширување на условите за конфискација на имот, како и засилена правна заштита на децата од најтешките форми на експлоатација.
„Ова е уште една потврда за грабежот на државни пари преку криминални тендери. Правда нема, има обид за спас од одговорност. Но одговорност ќе има – кога-тогаш“, изјави Тренчевска.
ВМРО-ДПМНЕ претходно денес реагираше на најавените амандмани на СДСМ за измена на Кривичниот законик, обвинувајќи ја опозициската партија за лицемерие и политичко глумење.
„Монти Пајтон на СДС. Кривичниот законик што го укинаа во 2023 година и со којшто се амнестираа нивни функционери, сега поднесуваат амандмани да го вратат“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата обвинуваат дека СДСМ ја поминала границата на, како што велат, лицемерие и играње со чувството на народот, глумејќи дека не била власт до пред една и пол година.
На 6 септември 2023 преку ноќ, за време на Владата на СДСМ, беа донесени измените на Кривичниот законик во ставот 3 од членот 353 за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања, каде беше предвидена затворска казна од најмалку три години, ако сторителот прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета. Со измената, казната беше намалена на една до пет години затвор. Предметите за злоупотреба на функцијата сега застаруваат за само 10 години, бидејќи максималната казна за ова дело сега е само 5 години затвор.
Македонија
Тестирана подготвеноста на противпожарните авиони во Македонија
Денеска се извршија првите тренажни летови со противпожарните авиони „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување.
Пилотите вежбале маневри и процедури за брзо реагирање при пожари на отворен простор, при што била потврдена нивната ефикасност и подготвеност, како и техничката исправност на трите авиони, соопшти директорот на Дирекцијата, Стојанче Ангелов.

