Македонија
450 нови случаи на Ковид-19, починати се 28 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.874 тестирања, а регистрирани се 450 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје – 146, Куманово – 52, Битола – 42, Прилеп и Охрид – по 18, Тетово и Кочани – по 17, Велес и Кавадарци – по 15, Струмица и Кичево – по 14, Виница – 11, Гостивар – 10, Штип – 9, Демир Хисар – 8, Струга – 6, Крива Паланка и Берово – по 5, Радовиш и Делчево – по 4, Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Валандово и Крушево – по 3, Неготино – 2, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 1 лице.
Регистрирани се 1.001 оздравени пациенти од: Скопје – 432, Битола – 80, Куманово – 73, Прилеп – 69, Кавадарци – 51, Тетово – 38, Велес – 35, Кичево – 29, Неготино – 23, Гостивар – 21, Охрид и Штип – по 17, Кочани, Струмица и Радовиш – по 15, Гевгелија – 13, Свети Николе – 11, Виница – 9, Делчево – 8, Демир Капија – 7, Ресен и Дебар – по 5, Берово – 4, Крива Паланка и Дојран – по 2, Демир Хисар, Струга, Богданци, Кратово и Македонски Брод – по 1 лице.
Пријавени се вкупно 28 починати лица: 9 од Скопје (57г, 62г , 66г, 66г, 69г, 72г, 73г, 76г и 80г), 4 од Битола (68г, 73г, 83г и 88г), 3 од Охрид (73г, 80г и 81г ), по 2 лица од Кочани (66г и 67г ), Струмица (63г и 79г ) и Гевгелија (73г и 80г), и по едно лице од Куманово (70г), Прилеп (63г), Кичево (71г), Неготино (64г), Крива Паланка (79г) и Струга (70г). Од починатите пациенти, 7 лица се починати во домашни услови (4 од Битола за цел месец април), а 21 се починати во болнички услови.
Направени се 2.874 тестови преку: ИЈЗ – 531, ЦЈЗ Скопје – 80, ЦЈЗ Битола – 78, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 7, лабораторија болница Козле – 11, УК Пулмологија со алергологија – 11, ГОБ 8-ми Септември – 19, Институт за микробиологија – 0, МАНУ – 120, Жан Митрев (Филип Втори) – 196, Авицена -201, Биотек – 367, Систина – 196, лабораторија Лаор – 152, Синлаб – 51, Ремедика – 46, Плодност – 32, Генеа – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 772.
Досега во земјата се направени вкупно 713.139 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 151.122, бројката на оздравени пациенти е 130.910, на починати е 4.742, а бројот на активни случаи изнесува 15.470.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 66783, активни 6974
Куманово 8425, активни 1090
Прилеп 8116, активни 755
Тетово 7057, активни 570
Битола 6076, активни 1018
Велес 5353, активни 550
Гостивар 5090, активни 378
Кавадарци 5084, активни 367
Штип 4866, активни 410
Охрид 4864, активни 471
Струмица 3954, активни 539
Струга 2918, активни 154
Кочани 2694, активни 264
Кичево 2437, активни 267
Гевгелија 2163, активни 264
Неготино 2135, активни 176
Свети Николе 1471, активни 114
Крива Паланка 1203, активни 65
Ресен 1201, активни 204
Радовиш 1079, активни 108
Берово 1005, активни 60
Делчево 946, активни 89
Дебар 927, активни 43
Виница 795, активни 116
Пробиштип 768, активни 32
Валандово 656, активни 69
Богданци 483, активни 62
Крушево 473, активни 93
Демир Капија 393, активни 24
Демир Хисар 383, активни 66
Кратово 352, активни 9
Македонски Брод 352, активни 24
Пехчево 260, активни 21
Македонска Каменица 228, активни 13
Дојран 132, активни 11
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

