Македонија
50 обвинети и осудени кои побарале амнестија добија негативно мислење дека може да бидат ослободени
Вкупната бројка на лица кои побарале амнестија, а за кои има негативно мислење од обвинителството се вкупно 50.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ги достави мислењата по преостанатите 17 барања за амнестија до судот. Дадено е позитивно мислење само по 3 барања, а мислење дека не ги исполнуваат условите согласно со Законот за амнестија е дадено во 14 случаи.
„Од вкупно примени 29 барања за амнестија, доставени од надлежниот суд, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција даде позитивно мислење по 15 барања за амнестија, а за другите 14 дадено е мислење дека по барањата не се исполнети условите од Законот“, соопштија од Обвинителството.
Основното јавно обвинителство Скопје постапуваше по 37 барања за амнестија. Денеска по сите е испратено мислење до Основниот суд Скопје 1 Скопје. Од Обвинителството информираат дека во 36 мислења нема место за амнестија, а позитивно мислење има само за едно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Прекин на патот Македонски Брод – Скопје поради одрон
Поради одрон патот Македонски Брод – Скопје е во прекин.
„Во 08:40 часот на регионалниот пат Македонски Брод-Скопје, поточно кај резерватот Јасен сообраќајот е во прекин поради одрон на патот“, информира АМСМ.
Македонија
ЦУК: Добиени се повеќе пријави за свлечишта и одрони на патот
Во текот на вечерните и утринските часови, како последица на обилните врнежи кои го зафатија западниот и југозападниот дел, на единствениот повикувачки број за итни повици 112 се добиени повеќе пријави за свлечишта на земја и одрони на патот, поточно кај местата Дебар-Струга кај местото Џепчиште и кај патот Кичево – Охрид кај место Извор, известија од Центарот за управување со кризи.
Оперативниот центар при ЦУК веднаш стапи во контакт со дежурните служби на Македонија пат, кои веднаш се вклучија во отстранување на свлечиштата и одроните кои предизвикуваа опасност по сообраќајот, додаваат од ЦУК.
Македонија
„Влен“: НАИ како коалиција без кауза веќе се распаѓа
„Коалицијата НАИ, изградена без кауза, без визија и без јасна политичка ориентација, влегува во фаза на неизбежно распаѓање. Она што се случи вчера со заминувањето на АА на Зијадин Села и заминувањето на Кренар Љога од оваа коалиција јасно ја покажува длабоката внатрешна криза, недостатокот на кохезија и неуспехот да се изгради одржлива политичка понуда“, велат од „Влен“.
„Нивниот континуиран недостаток на координација веќе стана модел на неуспех, не само што не успеваат да обликуваат заедничка насока, туку секој ден докажуваат дека оваа коалиција функционирала само како засолниште за тесни лични интереси, а не како политички проект за Албанците.
ВЛЕН останува единствената консолидирана сила, со програма, со визија и со јасна структура за градење држава. Додека НАИ се распаѓа дел по дел, граѓаните и важните политички личности се враќаат таму каде што се наоѓа стабилност, сериозност и вистинска перспектива.
ВЛЕН ќе продолжи да работи одговорно и транспарентно, заштитувајќи го општиот интерес и градејќи сигурна иднина за граѓаните, додека други ќе се справуваат со распаѓањето на коалиција која никогаш немала своја кауза“, се наведува во соопштението на „Влен“.

