Македонија
53 пожари вчера, 12 сѐ уште активни

Вчера имаше вкупно 53 пожари на отворен простор, од кои во моментов 12 се активни, 6 се под контрола и 35 се изгаснати.
АКТИВНИ ПОЖАРИ: 12
1. Општина Македонски Брод 1: Јасен – Белица (борова шума);
2. Општина Ресен: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа) (нискостеблеста вегетација и букова шума);
3. Општина Долнени: с.Дебреште, крак кон с.Зрзе), како и крак кон с.Крапа (НШ), Општина Македонски Брод (нискостеблеста деградирана шума, сува трева);
4. Општина Новаци: с.Полог – Брник – Ивени – Рапеш – Паралово (ниска вегетација, деградирана шума);
5. Општина Кичево 1: с.Патеец – с.Козичино, проширен кон с.Дупјани (борова и букова шума);
6. Општина Кичево 2: с.Цер, планина Љубин (мешана шума);
7. Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);
8. Општина Македонски Брод 2: с.Грешница (мешана шума);
9. Општина Макеоднкси Брод 3: с.Девич м.в. Вртешка (мешана шума)
10. Општина Дебар: с.Гари на планина Стогово (сува трева);
11. Општина Чашка 1: Планина Мукос кон с.Дреновци, Општина Прилеп (мешана шума);
12. Општина Чашка 2: с.Мокрени (нискостеблеста вегетација);
ПОД КОНТРОЛА: 6
1. Општина Демир Хисар: Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица (ниска вегетација);
2. Општина Битола: с.Острец (сува трева, густа мешана шума);
3. Општина Пехчево: с.Негрево (мешана шума);
4. Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија);
5. Општина Чашка: с.Папрадиште и с.Ореше (мешана шума);
6. Општина Ресен : с.Болно – с.Илино (букова шума);
ИЗГАСНАТИ: 35
1. Општина Кочани и Македонска Каменица: с.Пресека – с.Цера кон маала Стамболии (борова шума и папрат);- заврнат дожд;
2. Општина Маврово-Ростуше: с.Врбен (ела, смрека и сува трева);-заврнат дожд;
3. Општина Липково: с.Матејче (сува трева);
4. Општина Кичево: с.Зајас – с.Горно Строгомиште ( (мешана шума);
5. Општина Желино 1: с.Чифлик (депонија);
6. Општина Желино 2: с.Горна Лешница (мешана шума);
7. Општина Штип: Депонија Штип (ѓубре);
8. Општина Тетово: Кај Палма мол (ѓубре);
9. Општина Боговиње: с.Горно Седларце (сува трева);
10. Општина Врапчиште: с.Градец (ниска вегетација и високи дрвја);
11. Општина Радовиш: с.Калуѓерица (ниска вегетација);
12. Општина Гостивар 1: Стара касарна во Гостивар (ниска вегетација);
13. Општина Гостивар 2: Ресторант Сајгија (ѓубре);
14. Општина Гостивар 3: с.Чајле (сува трева);
15. Општина Чучер-Сандево: Качанички Пат (сува трева);
16. Општина Гази Баба 1: с.Трубарево (сува трева);
17. Општина Гази Баба 2: с.Раштак (сува трева);
18. Општина Петровец: с.Ржаничино (сува трева);
19. Општина Кисела Вода 1: Драчево (сува трева);
20. Општина Кисела Вода 2: ул.Борис Трајковски (сува трева);
21. Општина Шуто Оризари 1: нас.Шуто Ориазри (сува трева);
22. Општина Шуто Оризари 2: нас.Шуто Оризари (ѓубре);
23. Општина Сарај 1: с.Бојане ( сува трева и ѓубре);
24. Општина Сарај 2: с.Радуша (сува трева);
25. Општина Сарај 3: Езеро Треска (сува трева);
26. Општина Берово: м.в.Клепало над браната Ратевска Река (борова шума);
27. Општина Пробиштип 1: с.Ратковица према Пониква (мешана шума);
28. Општина Пробиштип 2: с.Лезово (сува трева);
29. Општина Крива Паланка: с.Луке, м.в. Чупино Брдо (мешана шума);
30. Општина Ресен: депонија во Ресен (ѓубре);
31. Општина Карбинци: с.Долни Балван (сува трева);
32. Општина Бутел 1: Граничен премин Блаце (сува трева);
33. Општина Бутел 2: Визбегово (сува трева);
34. Општина Струмица: с.Секирник (ѓубриште);
35. Општина Василево: Карбино (Слобода) (сува трева и ниска шума);
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во Вашиот двор. ЕУ е подготвена, напиша претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, на X по средбите со државниот врв во земјава.
We remain fully behind North Macedonia on its EU path.
You can count on us.
The next and only step before the opening of the negotiations is clear.
You need to make the agreed constitutional change.
The ball is in your court. The EU is ready. pic.twitter.com/s890meaZLP
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) October 15, 2025
Фон дер Лајен додаде дека ЕУ ја приближува нашата земја кон нив.
„Во меѓувреме, ја приближуваме вашата земја до нас. За тоа се работи во Планот за раст! Отвораме антена за фабрика за вештачка интелигенција во Скопје. Ве вклучуваме во Единствената платежна зона на Европа. И исплаќаме 16 милиони евра благодарение на реформите што ги направивте“.
In the meantime, we’re moving your country closer to us.
That’s what the Growth Plan is all about!
We’re opening an AI Factory antenna in Skopje.
We’re including you in Europe’s Single Payment Area.
And we’re disbursing 16 million euros thanks to the reforms you have made. pic.twitter.com/YhpaV89vtZ
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) October 15, 2025
Македонија
Османи: Од Брисел очекуваат новата Влада да обезбеди уставни измени

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, вечерва на собирот во Чаир откри дека добил директна порака од висок претставник на Европската Унија, со која, како што рече, се потврдува поддршката од Брисел за европскиот пат на државата и очекувањето дека новата влада ќе ги спроведе уставните измени веднаш по изборите во октомври.
„Денес во нашата земја е претседателката на Европската комисија, која излезе со многу јасна порака за нашата држава. Еден важен пријател од Брисел денес ме извести, и со одговорност го кажувам ова пред вас, ми рече: прашај го Али Ахмети и лидерите на НАИ дали можат да се обврзат пред Брисел дека веднаш по октомври, кога ќе се формира новата влада, ќе се обврзе за уставните измени“, рече Османи.
Тој додаде дека веќе ја презел обврската пред Брисел, бидејќи, како што нагласи, Али Ахмети и Националната алијанса за интеграции отсекогаш биле двигатели на европските процеси во државата.
„Светот разбра дека оваа ситуација е неодржлива, и само со едно излегување на гласање на 19-ти октомври ќе постигнеме многу победи: ќе го ослободиме Чаир од канџите на корупцијата, ќе го освоиме градот Скопје, ќе ја урнеме најантиевропската и најантиалбанска влада што ја имала оваа држава, но и ќе ја урнеме мицковистичката идеја што сака повторно да воспостави моноетничка доминација овде“, порача Османи.
Македонија
Османи призна дека направил грешка за поддршка на старата структура

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, вечерва на собирот во Чаир упати порака до граѓаните, нагласувајќи дека по две децении неправда, корупција и злоупотреби дојде време општината конечно да се ослободи од кликата која го држеше Чаир во заложништво.
„Чаир дваесет години го држеа во заложништво група луѓе што им ги украдоа соништата на своите жителите, ја злоупотребија нашата доверба и профитираа од вашето разочарување и чувството дека можеби не може подобро. Но, од денес кажуваме крај, и на разочарувањето, и на стравот и ја започнуваме промената на Чаир“, изјави Османи.
Тој истакна дека овие избори не се обични, туку пресудни и претставуваат борба помеѓу народот и група луѓе кои две децении го уништувале општествениот, економскиот и урбаниот живот на Чаир.
„Ова е борба помеѓу граѓаните на Чаир од едната страна и една клика, група луѓе што владееле и го ограбувале Чаир дваесет години. И сакам да кажам дека народот ќе победи, ние ќе победиме, затоа што самите го слушаме тоа, на секоја улица и во секој агол на Чаир. Очекувањата на луѓето што бараат промена, повиците за ослободување, гласовите што бараат да се скинат синџирите на корупцијата, хаосот и узурпацијата“, порача Османи.
Тој зборуваше и за одговорноста на сите што во минатото ја поддржувале старата структура, вклучително и тој самиот, и нагласи дека денес со храброст ја признава грешката.
„Свесен сум дека некои од вас ја изгубиле довербата во политиката. Велат: ‘вие ни ги донесовте тие, сите сте исти’. И ако имам некоја слабост, ако имам чувство на совест, одговорност и вина во оваа изборна кампања, тоа е што им верувавме и ја баравме вашата доверба за нив. И имам храброст тоа да го признам како грешка“, рече Османи.
Тој нагласи дека вистинската разлика помеѓу него и неговиот противкандидат, Изет Меџити од ВЛЕН, е во тоа што тој и неговото семејство живеат во Чаир, заедно со сите негови жители, делат исти проблеми и ја чувствуваат истата борба.
„Јас живеам овде, моите деца живеат овде, ги делам тешкотиите заедно со вас. А тој што го уништи Чаир дваесет години, избега од Чаир. Избега и ни остави само ѓубре, корупција и дивоградби“, истакна Османи, испраќајќи силна порака за почеток на ново време за општината.