Македонија
600 првачиња во основните училишта во општина Центар
Општина Центар ги отвори вратите за 600 првачиња што ќе посетуваат настава со физичко присуство во новата учебна година.
Во согласност со насоките од Министерството за образование и наука и препораките од Комисијата за заразни болести, Општина Центар е подготвена за успешен и безбеден почеток на новата учебна година. Општинските училишта располагаат со неопходните капацитети за доследно почитување на протоколите и за примена на потребните безбедносни и хигиенски мерки за учениците, наставниците, стручните и административните служби за непречено одвивање на наставата со физичко присуство.
Обезбедени се нови дидактички материјали за првачињата, што се во согласност со новата концепција за образование за спроведување на новите наставни програми за прво одделение, како и подароци за сите првачиња на територијата на општина Центар. Првачињата ќе добијат пакет школски прибор и бонтон за деца како дел од кампањата „Среќно прваче“, донација од општествено одговорната компанија Халкбанк АД Скопје и Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“. Илустрациите што се на материјалите се дел од проектот „Сликовницата на Халки“.
Општина Центар ги презема потребните превентивни мерки за безбеден тек на наставата со физичко присуство во осумте општински основни училиштата во Центар. Училиштата се дезинфицирани пред почетокот на учебната година, а обезбедени се и потребните дезинфекциски средства и бесконтактни топломери. Поставени се локатори за движење на учениците, табли со инструкции и едукативни постери.
Утре, на 1 септември, општинските основни училишта на територијата на општина Центар официјално ќе почнат со настава со физичко присуство за сите ученици од прво до деветто одделение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.
Македонија
30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови
Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат
Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во кризниот штаб се ангажирани Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, противпожарните единици од Тетово, Противпожарната бригада на Градот Скопје, екипи од Општина Ѓорче Петров, НПК Сарај, како и полициската единица Сарај.
„Искрено им се заблагодаруваме на сите институции и тимови за нивниот професионален, посветен и солиден ангажман во справувањето со оваа ситуација.
За време на состанокот беа дискутирани понатамошните чекори што треба да се преземат за целосно санирање на последиците, поддршка на погодените семејства и превентивни мерки за избегнување слични ситуации во иднина.
Надлежните институции и служби остануваат во целосна готовност и ќе продолжиме да ги информираме граѓаните за сите нови случувања“, објави Елмази.

