Македонија
69 проценти од позитивните со Ковид-19 и 79 проценти од починатите биле невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со 2 декември.
За вакцинирани, објаснуваат од министерството, се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
„Во период од 06.08 до 02.12.2021 на територија на државата 60.772 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 31% биле целосно вакцинирани, односно 19.025 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид -19“, велат здравствените власти.
Според статистика за изминативе месеци, 41.747, граѓани, односно 69% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.
Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.
Во период од 06.08 до 02.12.2021 од вкупниот број починати со Ковид-19, 79% биле невакцинирани, а 21% примиле вакцина.
Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, велат од таму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Три години членство на НАТО, обезбедена безбедност и стабилност

На денешен, пред три години државата, предводена од СДСМ стана полноправна членка на НАТО Алијансата. Три години е обезбедена безбедноста и стабилноста на граѓаните и на државата, македонската армија е рамо до рамо со најсилните во светот, соопшти СДСМ.
„ Реализирана е една од двете национални стратешки цели, исполнет е стремежот за кој сонуваа генерации, во изминатите 30 години.
За жал, трагичните настани со воената агресија на Русија врз Украина, покажаа колку е важно членството во НАТО, особено во услови на безбедносна криза.
Граѓаните можат да бидат спокојни, членството во НАТО значи неповредливост на границите и територијалниот интегритет на државата“ порачаа од владејачката партија.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Врв на мизерија – Шаќири вели дека владата нема пари за учебници, а има за тендери на братот на Груби

Врв на мизерија – Шаќири вели дека владата нема пари за учебници, а има за тендери на братот на Груби. Изјавата на министерот за образование дека нема пари за да се испечатат сите учебници за средно образование е доказ дека за СДС и ДУИ приоритет не е образованието и учениците, туку криминалните тендери на фирми блиски до власта, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Власта имаше пари да префрли над 1 милион денари на братот на Груби, а нема за учебници. Владата има пари да плати надзор од 22 милиони евра, поскап и до 7 пати споредено со други проекти, а нема за учебници. СДС и ДУИ имаат пари за тендерите во РЕК, а немаат за учебници.
Власта има пари за приоритетите на Ковачевски и Груби, но нема за учениците.
Власта не е способна да ги реализира работите заради кои всушност постои, како нормално и достапно образование, а сака по секоја цена да остане месец повеќе. Која е целта на владеењето, ако не се способни да го одржат системот, а не пак да го унапредат? Потребни се промени“ порачаа од опозициската партија.
Македонија
Попладне се очекува пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со грмежи и засилен ветер од јужен правецнајави УХМР.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен ветер од северен правец што ќе услови значително заладување, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во слаб снег. Минималната температура ќе се движи од 0 до 11, а дневната од 6 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 7 до 17 степени.
УХМР издаде предупредување дека утре времето ќе биде ветровито и студено со значително пониски дневни температури. Ќе дува силен северен ветер, наместа со брзина и над 70 километри на час. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.