Македонија
Батлер: Македонија во Евроатланските структури
Република Македонија наскоро ќе биде член на Евроатланските структури, рече денеска американскиот амбасадор во Скопје Лоренс Батлер.
Република Македонија наскоро ќе биде член на Евроатланските структури, рече денеска американскиот амбасадор во Скопје Лоренс Батлер. Тој, промовирајќи го „Македонско-англискиот политички и дипломатски речник“ од Душан Бојчев, зборуваше и за улогата на Македонија во настаните во регионот, како и за настојувањата државата да стане член на Европската унија и на НАТО. Амбасадорот Батлер оцени дека политичко дипломатскиот речник на Душан Бојчев е вредно издание кое што на Македонија и е потребно на патот кон членство во Евроатланските структури и кое што сигурно ќе најде место во американските институции и библиотеки. На промоцијата, на која присуствуваа поранешиот претседател Киро Глигоров, претставници на владата и бројни јавни личности, за Македонско-англискиот политички и дипломатски речник зборуваше и Рубин Зарески, директор за стратегиско планирање во „Македонски телекомуникации“. /крај/ р
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

