Македонија
73 нови случаи на Ковид-19 и двајца починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.194 теста, а регистрирани се 73 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје – 45, Битола – 9, Охрид и Кочани по 4, Кавадарци – 3, Тетово – 2 и по еден заразен во Куманово, Велес, Гостивар, Свети Николе, Крива Паланка и Дебар.
Од вкупниот број позитивни (73), регистрирани се 7 реинфекции.
Во текот на изминатото деноноќие пријавен е еден смртен случај од Скопје (92 годни) во болнички услови. Во согласност со регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ регистрирано е едно починато лице од Кавадарци (79 години). Починало во домашни услови. Случајот бил пријавен на 15 мај 2022.
Во последните 24 часа регистрирани сe 66 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 47, Битола – 8, Берово – 4, Велес – 3, Охрид – 2 и по еден оздравен од Прилеп и Виница.
Направените 1.194 теста се преку: ИЈЗ-175, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-45, ЦЈЗ Прилеп-11, ЦЈЗ Тетово-8, ЦЈЗ Куманово-21, УК Пулмологија со алергологија–3, Институт за микробиологија–59, Жан Митрев (Филип Втори)-19, Авицена-24, Биотек-33, Систина-34, лабораторија Лаор-18, Синлаб-16, Ремедика-13, Плодност-9, Генеа-14, Никоб лаб-88, ВФВ медикал-10, Ели медика плус-12, Ројал медика–3, Спектра-ММ-2, Рапид лаб–10, Жан Митрев Струмица–1, Нова лаб дијагностика–1, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 529.
Досега во земјата се направени вкупно 2.062.933 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 312.418, бројот на оздравени пациенти е 302.668, на починати е 9.313, а бројот на активни случаи изнесува 437.
Според епидемиолошките анализи, во моментот ситуацијата по градови е следна:
Скопје 147.242, Активни 283
Куманово 16.680, Активни 6
Битола 15.703, Активни 42
Прилеп 14.219, Активни 6
Тетово 13.484, Активни 7
Кавадарци 10.697, Активни 12
Велес 9.800, Активни 5
Гостивар 9.611, Активни 6
Охрид 8.938, Активни 23
Штип 8.078, Активни 13
Струмица 8.077, Активни 4
Кичево 5.653, Активни 3
Кочани 5.100, Активни 6
Струга 4.728, Активни 0
Гевгелија 4.423, Активни 1
Неготино 3.698, Активни 6
Ресен 2.751, Активни 1
Свети Николе 2.636, Активни 2
Радовиш 2.531, Активни 0
Крива Паланка 2.419, Активни 1
Делчево 1.986, Активни 1
Берово 1.692, Активни 3
Дебар 1.679, Активни 2
Валандово 1.488, Активни 0
Виница 1.395, Активни 2
Пробиштип 1.267, Активни 0
Богданци 1.021, Активни 0
Кратово 966, Активни 0
Крушево 930, Активни 1
Демир Хисар 836, Активни 0
Македонски Брод 739, Активни 1
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВЛЕН: Паднаа во вода тврдењата на ДУИ за наводен атентан врз Зеќирија Шаини

Коалицијата ВЛЕН реагира за случајот во кој беше повреден активистот и носител на листата на НАИ во Липково, Зеќирија Шаини.
Од таму велат дека особено загрижува фактот што политичките опоненти, предводени од ДУИ, се обидоа да ѝ дадат политичка димензија на оваа трагедија, грубо манипулирајќи со семеен конфликт во сред изборна кампања.
„Но случајот се покажа како семеен проблем и нема никаква врска со политиката. ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист. Тие беа демантирани и од самиот нивен активист, Зеќирија Шаини, кој јавно изјави дека нема политичко непријателство со никого, со што паднаа во вода сите тврдења за наводен „политички атентат“.ДУИ сакаше да се претстави како херој во туѓи сметки – но тоа не помина. Наместо да придонесе за смирување на ситуацијата, партијата повторно приредува политички театар, обидувајќи се, како и секогаш, да создаде перцепција дека „некој работи против нив“. Помогната од неколку платени новинари, кои дење и ноќе шират лаги против власта, ДУИ ги злоупотребува дури и проблемите на сопствените партиски членови. Ова е стар модел на јавна манипулација и политичка виктимизација, кој има цел да го прикрие падот на довербата и губењето на електоратот“, велат од ВЛЕН.
Македонија
Сончево со мала локална облачност, максималната температура до 21 степен

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Времето во наредните денови
До почетокот на следната седмица ќе преовладува стабилно, сончево и релативно топло време со локална појава на облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а во сабота долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од улица Благоја, улица Маџари, Пекара КИС МИ Стефковски и улица Ордан Поп Јорданов (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 10:00 часот, локалите во трговскиот центар до пазарот (општина Ѓорче Петров)