Македонија
758 нови случаи на Ковид-19, починаа 26 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.562 тестирања, а регистрирани се 758 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 324, Куманово – 43, Штип – 22, Прилеп – 46, Тетово – 21, Струга – 27, Велес – 26, Битола – 23, Охрид – 28, Кавадарци – 36, Гостивар – 32, Гевгелија – 17, Струмица – 26, Крива Паланка – 3, Радовиш – 5, Кочани – 19, Пробиштип – 1, Пехчево – 2, Берово – 2, Валандово – 8, Виница – 2, Делчево – 8, Кратово – 4, Свети Николе – 6, Кичево – 14, Ресен – 2, Неготино – 11.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 944 оздравени пациенти од: Скопје – 270, Куманово – 51, Дебар – 24, Штип – 25, Прилеп -69, Тетово – 36, Струга – 43, Велес – 51, Битола -53, Охрид – 46, Кавадарци – 53, Гостивар – 44, Гевгелија – 30, Струмица – 20, Крива Паланка – 6, Радовиш – 12, Кочани – 19, Пробиштип – 7, Демир Хисар – 1, Пехчево – 2, Берово – 8, Валандово – 6, Кратово – 3, Свети Николе – 15, Кичево – 19, Ресен – 13 и Неготино – 18.
Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (42, 65, 74, 83, 69, 80 и 86), двајца од Куманово (87 и 52), еден од Дебар (80), петмина од Прилеп (65, 79, 65, 61 и 76), еден од Струга (62), двајца од Битола (77 и 69), четворица од Охрид (62, 70, 57 и 81), еден од Свети Николе (65), двајца од Кичево (64 и 77) и еден пациент од Неготино (74). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79.190, бројката на оздравени пациенти е 56.099, на починати е 2.340, а бројот на активни случаи изнесува 20/751. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 34165, активни 11653
• Куманово 4511, активни 565
• Дебар 590, активни 114
• Штип 3215, активни 359
• Прилеп 3992, активни 765
• Тетово 4631, активни 956
• Струга 1931, активни 387
• Велес 2630, активни 544
• Битола 2889, активни 683
• Охрид 2245, активни 604
• Кавадарци 1928, активни 540
• Гостивар 3263, активни 645
• Гевгелија 1077 активни 301 (73 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 183 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2184, активни 625
• Крива Паланка 570, активни 118
• Радовиш 583, активни 126
• Крушево 155, активни 68
• Кочани 1536, активни 255
• Пробиштип 429, активни 46
• Демир Хисар 227, активни 38
• Македонски Брод 208, активни 33
• Пехчево 131, активни 15
• Берово 471, активни 70
• Валандово 282, активни 57
• Виница 432, активни 67
• Делчево 651, активни 219 (179 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 185, активни 25
• Свети Николе 1016, активни 136
• Кичево 1526, активни 268
• Ресен 602, активни 138
• Неготино 935, активни 331 (150 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2562 теста се преку: ИЈЗ-446, ЦЈЗ Скопје-75, Авицена-271, Биотек-256, МАНУ -119, Жан Митрев (Филип Втори)-175, Систина со PCR метода -180, лабораторија Лаор –31, Судска медицина-8, ЦЈЗ Битола-32, Инфективна клиника-1, ГАК-14, Синлаб-66, Ремедика-38, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -830, УК Пулмологија со алергологија –2, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 383.769 тестирања на Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

