Македонија
766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови, а регистрирани се 766 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 521, Битола – 33, Куманово – 32, Струмица – 23, Кавадарци – 20, Прилеп – 19, Штип – 17, Охрид – 16, Струга и Гевгелија – по 9, Кичево и Ресен – по 8, Велес – 7, Гостивар – 6, Тетово – 5, Свети Николе, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 4, Неготино и Крива Паланка – по 3, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2, Делчево, Дебар, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1. Од вкупниот број на позитивни (766), регистрирани се 86 реинфекции.
Регистрирани сe 486 оздравени пациенти од: Скопје – 339, Битола – 26, Прилеп – 23, Кавадарци – 18, Тетово – 14, Штип – 11, Куманово, Гевгелија и Крива Паланка – по 8, Струмица и Велес – по 6, Кичево – 4, Валандово и Радовиш – по 3, Неготино – 2, Охрид, Ресен, Гостивар, Свети Николе, Богданци, Кочани и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 4 починати лица од Скопје (63г, 65 г, 80 г и 81 г), 2 починати лица од Битола (80 г и 82 г) и по едно починато лице од Охрид (58 г), Гевгелија (72 г), Кавадарци (67 г), Крива Паланка (74 г), Кочани (48 г) и Демир Хисар (82 г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, пријавени се 3 лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар и Дебар, починати во период од 03.01 – 11.01.2022г. Починатите се на возраст од 62 години до 75 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.
Направени се 3.748 тестови преку: ИЈЗ-227, ЦЈЗ Скопје-49, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-15, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–145, Жан Митрев (Филип Втори)-133, Авицена-101, Биотек-197, Систина-100, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-27, Генеа-0, Никоб Лаб-501, ВФВ Медикал-41, Ели Медика-9, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–25, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.178.
Досега во земјата се направени вкупно 1.710.444 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 245.398, бројот на оздравени пациенти е 220.886, на починати е 8.115, а бројот на активни случаи изнесува 16.397.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 110354, Активни 8788
Куманово 13860, Активни 603
Прилеп 11931, Активни 884
Тетово 11730, Активни 256
Битола 11133, Активни 1461
Гостивар 8340, Активни 214
Кавадарци 7995, Активни 413
Велес 7894, Активни 318
Охрид 7446, Активни 581
Штип 7128, Активни 274
Струмица 6692, Активни 338
Кичево 4602, Активни 237
Кочани 4310, Активни 158
Струга 4124, Активни 171
Гевгелија 3267, Активни 242
Неготино 2830, Активни 158
Свети Николе 2256, Активни 86
Ресен 2086, Активни 172
Крива Паланка 2074, Активни 96
Радовиш 2017, Активни 180
Делчево 1581, Активни 92
Берово 1538, Активни 52
Дебар 1479, Активни 17
Виница 1220, Активни 33
Пробиштип 1208, Активни 53
Валандово 1197, Активни 135
Кратово 818, Активни 28
Крушево 760, Активни 140
Богданци 759, Активни 58
Демир Хисар 701, Активни 50
Македонски Брод 589, Активни 40
Демир Капија 455, Активни 19
Македонска Каменица 454, Активни 25
Пехчево 380, Активни 18
Дојран 190, Активни 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Николоски: СДСМ го штити и брани однесувањето на Џафери за ДУИ да не им излезе од влада

Катастрофа, недостоинствено, срам и брука, тие се зборовите, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање како го опишува однесувањето на собранискиот спикер Талат Џафери.
Николоски потенцираше дека СДСМ само за да не им излезе ДУИ од влада го бранат однесувањето на Талат Џафери.
Факт е дека СДСМ секое сабајле и секоја вечер се моли ДУИ да не им излезе од влада затоа што знаат дека единствен начин за да одложат за неколку месеци торнадо е да им остане ДУИ во влада и затоа се спремни да го бранат Талат Џафери до последно, рече Николоски.
За карактерот на Талат Џафери најдобро зборува начинот на кој што беше избран, на човек би требало да му е срам да е избран на таков начин не би требало да се нафати на функцијата, тој си ја води функцијата. Така што нема ни срам ни морал. А уште помал морал од него имаат овие од СДСМ кои што го штитат, изјави Николоски.
Македонија
СДСМ: Обвинети во „Криминални парцели“ биле донатори на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска

Последните информации кои излегоа во јавноста покажуваат дека обвинети и осомничени во аферата „Криминални парцели“ со која се проневерени 1,6 милиони евра се донатори на ВМРО-ДПМНЕ, но и кампањата на Арсовска, велат од СДСМ попладнево преку соопштение.
„Орце Тодоровски, Дарко Тодоровски, Влатко Илиевски, Мирослав Митрески се на листите на донатори на ВМРО-ДПМНЕ, а Орце Тодоровски и на листата на донатори на Данела Арсовска.
Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да каже каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“?
Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот ментор Никола Груевски и преку својот телохранител ги затскривал трагите за испумпување на пари од ЕВН, како што Груевски правеше со плацовите на Водно?
Овие сомнежи за коишто говориме се основани по сите информации кои изглегоа во јавноста дека станува збор за криминална шема“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ЦУК апелира на внимателност поради силно локално невреме и можни опасни порои во текот на викендот

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), превентивно апелира и препорачува на граѓаните во земјава од попладнево до крајот на викендов да избегнуваат локално движење во и покрај суводолици и други стари корита – водотеци, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови.
Конкретно, концентарацијата на врнежи на одреден простор е со голема веројатност можна во делови на земјава, проследено со силно локално невреме. Постои голема можност да биде голема и опасна поројната вода по околината таму каде што ќе зафати поројониот дожд што се предвидува да падне во делови од земјава.
Од УХМР известија дека викендов земјава на места ќе биде зафатенa од метеоролошка нестабилност со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме, грмежи и можна појава на град. Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени, а од понеделник ќе се намали метеоролошката нестбилност и ќе преовладува потопло време.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно од западниот дел на земјата кон Повардарието и кон североистокот и ќе премине и преку скопската котлина, информираат од УХМР.
Изолирана нестабилност ќе има и во вечерните часови. Преку ноќта облачност особено на истокот че се намали.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. УВ=6
Во Скопје, променливо облачно. Од претпладне ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Под влијание на циклонска активност и утре ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време со поголеми количества воден талог), електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Утре преку денот температура ќе биде пониска за 3 до 5 степени. Од понеделник ќе се намали нестабилноста и повторно ќе преовладува потопло време.
Во Скопската Котлина утре ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено и во форма на краткотрајно невремем а од понеделник нестабилност ќе се намали.