Македонија
78 новозаразени и четворица починати од компликации поради Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 860 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 28, Куманово – 5, Дебар – 4, Прилеп – 8, Тетово – 4, Битола – 1, Охрид – 1, Кавадарци – 2, Гостивар – 8, Радовиш – 1, Кочани – 2, Пробиштип – 1, Македонски Брод – 1, Берово – 4, Делчево – 3, Кичево – 3 и двајца во Неготино.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 13, Прилеп – 1, Велес – 2, Гостивар – 9, Кочани – 2, Македонски Брод – 3, Свети Николе – 1 и деветмина во Кичево.
Починати се четири лица, двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73-годишна пациентка од Тетово. Од нив двајца се починати во, а еден вонболнички услови. Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбулантата на Инфективната клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација, констатирана е смрт.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.673, бројката на оздравени пациенти е 10.150, на починати е 568, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.995. Според завршените епидемиолошки анализи, во моментот статистиката на активни случаи по градови е следна:
• Скопје 5.697, активни 876
• Куманово 1.379, активни 340
• Дебар 241, активни 77
• Штип 1.108, активни 258
• Прилеп 399, активни 63
• Тетово 1.188, активни 172
• Струга 545, активни 140
• Велес 259, активни 33
• Битола 196, активни 55
• Охрид 325, активни 59
• Кавадарци 170, активни 101
• Гостивар 740, активни 312
• Гевгелија 42, активни 24 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 57, активни 22
• Крива Паланка 37, активни 12
• Радовиш 40, активни 11
• Крушево 16, активни 0
• Кочани 134, активни 30
• Пробиштип 76, активни 21
• Демир Хисар 60, активни 27
• Македонски Брод 69, активни 36
• Пехчево 10, активни 4
• Берово 39, активни 30
• Валандово 7, активни 0
• Виница 63, активни 41
• Делчево 34, активни 29 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 16, активни 2
• Свети Николе 275, активни 65
• Кичево 263, активни 100
• Ресен 146, активен 1
• Неготино 42, активни 14 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 138.325 тестирања на Kовид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 74 лица, а на кислородна поддршка се 39.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 17 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, тројца позитивни, три мајки и три деца суспектни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 63 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 14, а во болницата во Штип – 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 103 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Најновата статистика на активни случаи во скопските општини е следна:
• Чаир – 114
• Гази Баба – 109
• Аеродром – 105
• Карпош – 93
• Центар – 85
• Кисела Вода – 93
• Ѓорче Петров – 67
• Бутел – 68
• Шуто Оризари – 39
• Студеничани – 18
• Сарај – 21
• Арачиново – 18
• Илинден – 13
• Сопиште – 8
• Чучер Сандево – 7
• Петровец – 8
• Зелениково – 4
• Странец – 4
• Нераспределен – 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски – вечниот политичар без дела, со вечна желба за фотелја, реагира затоа што не беше дел од јахта забавата на Филипче и Заев

„Андреј Жерновски, познат по своите политички прескокнувања и вечна желба да биде „прв во партијата“, повторно се јавува како гласноговорник на СДС, очигледно туркајќи ја агендата за сопствена промоција и позиционирање за иден лидер на партијата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека го анализира ВМРО-ДПМНЕ и измислува анкети по нарачка на партиската кујна на Бихаќка, Жерновски молчи за вистинските скандали кои ја потресоа неговата партија – за јахтите на Заев и Филипче, за апетитите на нивниот олигархиски круг, за милионските тендери и провизии, за клиентелизмот кој ја потопи СДС.
Тој е дел од тажната група вечни политичари кои живеат удобен и комотен живот, а никој не може да се сети на ниту едно нивно конкретно дело или резултат. Политичка неконзистентност и лична амбиција тоа е неговиот единствен „капитал“.
Наместо да држи лекции за економија и политика, нека објасни како тој и неговите ментори ја доведоа Македонија до економски колапс, до историски одлив на млади луѓе и до ниво на корупција невидено во модерната историја.
Жерновски е симбол на политичари кои мислат само на својата фотелја, а секој негов напад врз ВМРО-ДПМНЕ е ништо повеќе од обид да се прикаже релевантен пред партиската база на СДС, во надеж дека еден ден ќе ја заземе лидерската позиција“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Жерновски.
Македонија
СДСМ: Рамковниот договор е важен документ за мирот, соживотот и градењето заедничка иднина

„Рамковниот договор е важен документ кој стави крај на конфликтот од 2001 година, воспостави мир и отвори поглавје на соживот во градењето заедничка иднина“, велат од СДСМ.
„Освен зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата, суштината на Рамковниот договор е издигнувањето над поделбите, меѓусебно помирување и отворање на вратите за заеднички напредок и еднакви можности на сите граѓани.
Сите политички чинители во земјава треба своите напори да ги вложат во политики коишто ги сплотуваат граѓаните, да работат заеднички за едно современо, демократско и интегрирано општество за сите“, соопшти СДСМ.