Македонија
81 лице хоспитализирани во ковид-центрите во Скопје, се лекуваaт вкупно 613 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 81 нов пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 613 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 46 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 7 примени пациенти и 14 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови пациенти и 5 деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.
Во изминатите 24 часа дома биле пуштени 55 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 295 пациенти, велат од МЗ.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 114 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 138 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 лица. На Клиниката за детски болести има 20 пациенти позитивни на Ковид-19 вирусот и 7 на ГАК .
Според ресорното министерство голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Од таму додаваат дека бројот на приеми во изминативе денови е зголемен, но и дека на сите инфективни одделенија има довод на кислород и болниците можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 132 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 01.09. до 07.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
СДСМ најави: Ќе продолжиме со објавување на вистината за АНБ, што ја плаши власта, па бега од декласификација?

„Што ја плаши власта толку многу па бега од декласификација на документите за случајот со АНБ“, прашува СДСМ.
„Дали е тоа поврзано со сомнителни, криминални активности на ВМРО-ДПМНЕ или влијание на туѓи држави? Зошто самиот премиер Христијан Мицкоски, кој тврди дека бил следен, не побара веднаш декласификација на целата документација од Агенцијата за национална безбедност?
СДСМ ќе продолжи со објавување на вистината и со поставување на вистинските прашања од кои бега власта“, велат од опозициската партија и најавуваат прес-конференција за 11 часот денеска.