Македонија
Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ се зголемува од 1,5 до два денари, во зависност од дериватот, а цената на дизелот останува непроменета.
Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ се зголемува од 1,5 до два денари, во зависност од дериватот, а цената на дизелот останува
Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ се зголемува од 1,5 до два денари, во зависност од дериватот, а цената на дизелот останува непроменета.
Вака реши Регулаторната комисија за енергетика на денешната редовна седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.
Согласно одлуката, Еуросуперот и МБ-96 се зголемуваат за 1,5 денари и од ноќеска ќе се продаваат по цена од 52,00 ден/лит, односно 55,00 ден/лит.
Истовремено, Еуросуперот 98 се зголемува за два денари, по што новата цена изнесува 53,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е IV) не се менува, додека цената на Екстра лесното за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.
Нагорна корекција има и кај цената на мазутот, М-2 од 1,070 ден/кг и изнесува 17,142 ден/кг. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава
Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на 22,3 тони киви наменети за индустриска преработка и издаде решение со наредба за нештетно уништување.
Како што информираат од АХЦ, станува збор за 22.340 килограми од овој вид овошје, увоз од Република Србија, за која пратка, со органолептички преглед од страна на инспектор за храна, утврдено е дека истата не е безбедна за увоз и за понатамошна преработка.
-На увозникот издедено му е решение со наредба за нештетно уништување на спорните количини киви, по добиеното известување од негова страна дека пратката не може да се врати во земјата извозник, стои во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство.
Македонија
Променливо облачно со магла и малку сонце
Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла претпладне. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Во понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.
Македонија
Возете внимателно, маглата ја намали видливоста на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла од 100 до 200 метри има од Тетово – Скопје – Куманово – Кочани – Сарамзалино – Велес – Неготино – Д.Капија и магла со видливост до 50 метри има Битола – Прилеп – Ѓавато – Ресен – М.Брод – Кичево и Дебар, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

