Македонија
„Алкалоид“ оствари значителен раст во 2008 година
Фармацевтската компанија „Алкалоид“ објави дека во 2008 година остварила значаен раст на нето-добивката и на приходите од продажба.
Фармацевтската компанија „Алкалоид“ објави дека во 2008 година остварила значаен раст на нето-добивката и на приходите од продажба.
Ова се наведува во соопштението на компанијата за неревидираниот консолидиран и единечен Биланс на успех, објавено денеска на страниците на Македонската берза.
Консолидираната нето добивка, за годината завршена на 31 декември 2008, изнесува 501,7 милиони денари (8,15 милиони евра), што е за 33,3 отсто повеќе во споредба со претходната година, се вели во соопштението
Остварената единечна нето добивка, за 2008 година , изнесува 451,1 милиони денари (7,33 милиони евра) и е поголема во однос на 2007 година за 7,8 отсто.
Вкупните приходи од продажбата на Алкалоид во 2008 година изнесуваат 4,72 милијарди денари (76 милиони евра).
Поголемиот дел од продажбата е остварена на странскиот пазар, каде што се пласирани производи во вредност од 2,93 милијарди денари (47,7 милиони евра), што е 62,1 отсто од вкупната продажба. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

