Македонија
Сведмилк треба да започне со исплата на фармерите
Скопската млекарница Сведмилк денеска треба да започне со исплатата на вкупниот долг кој го има кон фармерите, заклучно со месец јануари, соопшти
Скопската млекарница Сведмилк денеска треба да започне со исплатата на вкупниот долг кој го има кон фармерите, заклучно со месец јануари, соопшти компанијата.
Млекарницата нагласи дека со најавеното започнување на исплата на фармерите, ќе биде одржано ветувањето пред фармерите дека исплата ќе започне до крајот на неделата.
„Сигурни сме во иднината на фабриката, во нејзините капацитети. Веќе имаме направено договори за извоз, а остануваме силно присутни и на македонскиот пазар“, рече вчера Моше Баум, генералниот менаџер на Сведмилк Македонија.
Сведмилк Македонија ДОOЕЛ со новиот сопственик е регистрирана на 17.02.2009, кога фабриката беше и официјално преземена од Феникс Енерџи. /крај/со/ап/
Copyright 2009 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

