Македонија
УЕФА ќе инвестира околу три милиони евра за тренинг центар
УЕФА ќе инвестира околу три милиони евра како поддршка во реализацијата на проект за изградба на тренинг центар, кој ќе го користат фудбалските
УЕФА ќе инвестира околу три милиони евра како поддршка во реализацијата на проект за изградба на тренинг центар, кој ќе го користат фудбалските репрезентации на Македонија, од сите возрасни категории.
Ова денеска на премиерот Никола Груевски му го соопштил претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Мишел Платини.
На средбата со премиерот Груевски, Платини беше информиран за проектите кои Владата ги реализира во насока на подобрување на условите за развој на спортот во Македонија, притоа особено осврнувајќи се на фудбалот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

