Македонија
МНР:Грција несоодветно реагира за изолиран инцидент

Изолираните инциденти во Македонија и Грција, да не се злоупотребуваат во контекст на дневната политика.
Изолираните инциденти во Македонија и Грција, да не се злоупотребуваат во контекст на дневната политика.
Ова се вели во рекацијата на македонското Министерство за надворешни работи, по вчерашните наводи на грчкото МНР со кои го оквалификуваа инцидентот во Охрид како “видлив резултат на национализмот и нетолеранцијата кон Грција, кои од неодамна свесно се градат во Скопје“.
„Цениме дека ваквиот призвук на грчката реакција е крајно несоодветен и пренагласен и апелираме овој изолиран инцидент, како и десеттиците кои изминатава година се случија во Република Грција, а во чие средиште беа македонски државјани, да не се злоупотребуваат во контекст на дневната политика“, се вели во реакцијата.
Истовремено, МНР го осуди настанот во кој беа оштетени грчки автобуси и предложи да се формира мешовита македонско-грчка Комисија, составена од надлежните органи за безбедност и транспорт на двете држави која ќе има задача заеднички и со блиска соработка да врши превенција и да ги разрешува ваквите и слични инциденти во иднина. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село“ на регионален пат Р1312, делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се воспоставува нормален режим на сообраќај во двата правци, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја дел од Сопиште и дел од Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека денеска ( Среда ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 12:00 часот, дел од с.Сопиште (на главен пат околу,,Давидоф“).
. во периодот од 12:30 до 14:30 часот, дел од ц.Долни Нерези-Карпош.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за повремен дожд

Сончево со мала до умерена облачноста. Во северните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието и во источните од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) во четврток дневната температура значително ќе опадне (од 8 до 10 степени). Во петок ќе се задржи посвежо време и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а температура ќе биде во постепен пораст.