Македонија
Часовникот на Старата железничка е историски споменик
Часовникот на старата железничка станица во Скопје треба да сведочи само за земјотресот од 1963 година
Часовникот на старата железничка станица во Скопје треба да сведочи само за земјотресот од 1963 година, а не за авантурите на партиски дилер на ретуш – рурални идеи.
Ова е став изнесен денеска во едиторијалот на весникот „Дневник“, по повод идејата на кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Коце Трајановски.
Тој најави проект со кој што планира да ги „рестартира“ стрелките на часовникот на Старата железничка станица, кои сведочат за катастрофалниот земјотрес во Скопје, во кој загинаа над илјада жители.
Трајановски најави дека, доколку биде избран ќе го активира часовникот споменик да работи со осветлени стрелките, а секој час да се означува со една македонска народна песна.
„Попусто (Трајановски) тврди дека сакал да покаже оти времето во Скопје се движи, не застанува. Од досега приложеното, Скопје стои, само глупоста се движи“, заклучува „Дневник“, препорачувајќи му на Трајановски да си купи МП4 или i Pod, ако сака да слуша народни песни на секој час./крај/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Советот на јавни обвинители да престане со кршење на законот и веднаш да ја отповика Душица Димитриеска од УО на Академијата, бара ВМРО-ДПМНЕ
„Советот на јавни обвинители по стапките на Судскиот совет. Пред два дена објавивме како Судски совет изврши директен упад во Академијата за судии и јавни обвинители, сега веќе сведочиме дека истото го направил и Советот на јавни обвинители“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ
„Наместо за член на Управниот одбор на Академијата да предложи и назначи член од редовите на обвинителите, советот ја назначил неговата претседателка, Душица Димитриеска.
Ова е класичен упад во Академијата за судии и јавни обвинители и флагрантно кршење на законските норми. Во член 44 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси јасно е прецизирано дека се забранува избрано или именувано лице да биде во орган на управување во државен орган или правно лице кое располага со државен капитал.
Претседателката на Советот на Јавни обвинители, во случајов Душица Димитриеска, е именувано лице и истата не смее да биде и во УО на Академијата која што треба да ги произведе идните генерации на судии и обвинители.
Освен што е направен директен упад и флагрантно кршење на законот, во случајов со назначувањето на Димитриеска за член на УО на Академијата мириса и на политичка замешаност од опозициската СДС.
Имено, претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска е мајка на Ема Нешкоска која е член на Советот на општина Гостивар и која на последните парламентарни избори во мај беше кандидат за пратеник од редовите на СДС.
Со ваквиот начин на работа, вршејќи упади во независни институции кршејќи ги законите, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители дополни го уриваат имиџот и довербата на граѓаните во правосудните органи.
Да не се чудиме после зошто и таа ниска доверба од граѓаните од само 2%, може дополнително да се намали. Затоа е потребна итна реакција и одговорност и го повикуваме Советот на јавни обвинители да престане да го крши законот и веднаш да го отповика својот предлог, Душица Димитриеска од член на УО на Академијата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Владата нема решение – СДСМ ќе предложи вистински мерки за намалување на цените на производите“, велат од опозициската партија
„Владата на Христијан Мицкоски се покажа неспособна да го реши постојаното зголемување на цените на производите и целосно ги разочара граѓаните“, соопшти СДСМ,
„Мерката за замрзнување на маржите требаше да биде спасот од високите цени но се покажа како големо промашување. Цените во маркетите не се намалија, во најголем дел цените останаа исти. За симболични 57 денари се намали потрошувачката кошничка за граѓаните за еден месец, ете толку „заштедија“ граѓаните за еден месец.
Поскапувањето на цените се голем товар семејствата и родителите секој ден. Просечната плата, наместо да расте, се намали за 1.000 денари. Тоа е резултатот на погрешните економски политики на Мицкоски и ДПМНЕ.
Граѓаните заслужуваат стабилност и поддршка во овие тешки времиња и затоа СДСМ ќе поднесе законско решение за вистинско намалување на цените.
Ова ќе биде вистинска и реална мерка за намалување на цените. СДСМ е тука за граѓаните и ќе продолжиме да се бориме за подобрување на стандардот“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Претежно сончево со студени утра, минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Скопје утрото постудено со услови за појава на слаба магла. Во текот на денот претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во текот на новата работа седмица времето ќе биде претежно сончево со студени утра и минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.