Македонија
Плата минус потрошувачка кошничка = 77 евра
Просечен Македонец во последниот квартал од ланската година, можел да располага со околу 77 евра месечно
Просечен Македонец во последниот квартал од ланската година, можел да располага со околу 77 евра месечно, ако претходно ги подмирил трошоците за потрошувачката кошничка.
Според податоците на Државниот завод за статистика, објавени денеска, во периодот октомври – декември 2008 година, едно четиричлено домаќинство било во можност со една просечна нето-плата да ја наполни месечната потрошувачка кошница за исхрана и пијалаци.
Просечната нето-плата по работник за октомври 2008 изнесуваше 17.020 денари, при што трошоците за исхрана и пијалаци се пониски од просечната нето-плата за 4.778 денари, односно 28,1 отсто.
За задоволување на останатите потреби во ноември останувале 4.621 денари, односно 27, 4 отсто од просечната нето-плата, која изнесувала 16.859 денари, додека вкупните трошоци за исхрана и пијалаци биле 12.238 денари,
Просечната нето-плата по работник за декември изнесуваше 17.363 денари. Вкупните трошоци за исхрана и пијалаци изнесуваа 12.575 денари и се пониски од просечната нето-плата за 4 788 денари, односно 27,6 отсто.
Во декември 2008 година имаше 23 работни дена. Просечната исплатена нето-плата по работник за декември 2008 година изнесуваше 17.363 денари. Со просечно работно време од 7 часа, дневната заработувачка изнесува 754.91 денари, саатнината 107.84 денари и пресметано во минути 1.80 денари, се вели во соопштението./крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража кој во мометот не се здржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на Плетвар и Пресека, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.

