Македонија
Калфин – Македонија во НАТО „без спорови со соседите“
Бугарија поддржува членство на Македонија во НАТО, што ќе се случи кога „ќе ги реши сите спорови со соседните земји“
Бугарија поддржува членство на Македонија во НАТО, што ќе се случи кога „ќе ги реши сите спорови со соседните земји“.
Ова денеска го изјави бугарскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивајло Калфин на средба со амбасадорите на земјите – членки на НАТО, како и Албанија и Хрватска, јави агенцијата Бгнес.
„Бугарија во континуитет беше приврзаник на политиката на отворени врати и на присоединувањето на земјите од западен Балкан кон Алијансата. Нашата земја одигра активна улога во акциониот план за членство во НАТО на Албанија и на Хрватска, а исто така, и на Македонија, кога таа ќе ги разреши сите спорови со соседните земји“, изјави Калфин на средбата во Софија.
Тој нагласи дека „за 5 години откако е во НАТО, Бугарија се позиционирала во достоен и одговорен член на Алијансата“./крај/бгнес/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

