Македонија
Берзата повторно во надолен тренд
Ако изминатата недела беше во знакот на порастот и скок на индексите, како на европските и светските берзи така и кај нас, почетокот на оваа неделa
Ако изминатата недела беше во знакот на порастот и скок на индексите, како на европските и светските берзи така и кај нас, почетокот на оваа недела навести одредени промени.
Втор ден европските индекси се наоѓаат во црвената зона, а во тој поглед не заостана ниту нашата берза.
Македонскиот индекс забележа пад од 0,22 проценти и се спушти на 1.708,71 индексни поени. За разлика од десетте најликвидни компании, индексот на јавно поседуваните друштва и на обврзниците забележаа одреден, мал раст од 0,01 односно 0,09 проценти.
Во вторникот на пазарот на капитал беше остварен промет од 12.698.625,71 денари кој се оствари од 155 трансакции.
Најголемо учество во овој промет имаа акциите на Комерцијална банка и Макпетрол, кои направија промет од над 5 милиони денари. Обврзниците овој пат се тргуваа со нешто помал интензитет во однос на понеделникот.
На Официјалниот пазар се реализира промет од 10.057.609,69 денари од 110 трансакции, а остатокот од 2.641.016,00 денари се оствари на Редовниот Пазар, каде најголемо учество имаше прометот кој се направи со акциите на Ф-ка за цевки 11 Октомври Куманово.
Први по обем на тргување на Официјалниот Пазар беа акциите на Макпетрол Скопје, кои при вчерашното тргување пораснаа за 2,27 проценти. Се истргуваа 118 акции, се тргуваа по цена од 22.679,75 денари по акција и при тоа вредноста на тргување со нив изнесуваше 2.676.211,00 денари.
Втори по обемот на тргување на Официјалниот Пазар беа акциите на Комерцијална банка Скопје. Се истргуваа 1.264 акции по просечна цена од 2.097,24 денари по акција. Вкупниот остварен промет со овие хартии од вредност изнесуваше 2.650.913,00 денари.
Трети по висина на промет на Официјалниот Пазар беа акциите на Алкалоид Скопје. Се истргуваа 369 акции по просечна цена од 2.829,78 денари по акција , односно забележа пад на цената од 2,54 проценти. Вкупниот промет со овие хартии од вредност изнесува 1.044.189,00 денари.
Нагорна промена на овој пазар забележаа акциите на РЖ Услуги Скопје, кои се тргуваа по цена од 114,79 денари за акција, односно беше регистриран раст од 13,14 проценти во однос на минатите тргувања со овие акции. Се истргуваа 165 акции, а прометот со нив изнесува 18.940,00 денари.
На Редовниот Пазар како најтргувани акции беа акциите на Ф-ка за цевки 11 Октомври Куманово, кои се тргуваа по цена од 1.000,00 денари, што значеше пораст од 4,37 проценти на цената на акцијата во однос на минатите тргувања со неа. Се истргуваа 1.435 акции, а се оствари промет од 1.435.000,00 денари, што претставуваше повеќе од половина од вкупниот промет на Редовниот Пазар.
Втори по обем на тргување на овој пазар беа акциите на Македонски Телеком Скопје кои се тргуваа по цена од 324,55 денари по акција, односно забележа пад од 0,14 проценти, се истргуваа 1.748 акции, а вкупниот промет со нив изнесуваше 567.312,00 денари.
Нагорна промена на овој пазар забележаа акциите на Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје, кои се тргуваа по цена од 64,00 денари за акција, односно беше регистриран раст од 6,67 проценти во однос на минатите тргувања со овие акции. Се истргуваа 137 акции, а прометот со нив изнесува 8.768,00 денари.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Макпетрол Скопје
2. Комерцијална банка Скопје
3 Алкалоид Скопје
4. Ф-ка за цевки 11 Октомври Куманово
5. Македонски Телеком
Хартии од вредност со најголем пораст
1. РЖ Услуги Скопје 13,14 %
2. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 6,67%
3. Ф-ка за цевки 11 Октомври Куманово 4,37%
4. Реплек Скопје 3,49%
5. Макпетрол Скопје 2,27%
Хартии од вредност со најголем пад
1. Интер Кватро АД Штип 14,58%
2. Стопанска банка Скопје 8,53%
3. Алкалоид Скопје 2,54%
4. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 1,42%
5. Тутунска банка Скопје 0,82%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ: Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна
Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, соопшти АХВ.
Со контролите утврдено било дека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.
За утврдените недоследности со контролите, биле издадени 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра.
„Кај 9 оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај 7 била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори најдена била и храна со непознато потекло. Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжитрелен здравствен преглед. Двајца од операторите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, или не воделе соодветни записи. Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите“, пишува во соопштението на АХВ.
Македонија
СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата
Животот во Македонија станува сѐ поскап, работниците едвај врзуваат крај со крај, а власта сѐ луксузира врз грбот на народот, велат од СДСМ.
„Според последните податоци, синдикалната кошничка во февруари достигна 67.400 денари. На едно четиричлено семејство не му се доволни ниту 3 минимални плати месечно за да ги покрие основните потреби. Над 200 илјади работници земаат плата под 30.000 денари. Со сегашното ниско ниво на минимална плата не можат да се покријат трошоците за основни потреби, храната, сметки.. Тешкото секојдневие, високите сметки и поскапувањата ги доведоа работничките семејства на раб. И додека граѓаните се борат за корка леб, премиерот Христијан Мицкоски се луксузира на сметка на народот – со владини авиони, со скапи часовници од 60 илјади евра. Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат. Бараме парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници. Нема повеќе оправдувања дека „нема пари“. Имало пари за нов авион, за мебел, за уредување кабинети, за службени автомобили. Нека направат ребаланс на Буџетот и нека ги пренаменат парите за плати. Доста е расфрлање со милиони за авиони – мали или големи – додека народот тоне. Доста е луксуз на грбот на народот“, стои во соопштението на СДСМ.
Македонија
Обвинителство: Забрана за две правни лица од Велешта да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум
Преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, истражните органи затекнаа работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, поради сомненија за кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини од член 225-а и Загадување на водата за пиење од член 219 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка веднаш достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрани на правните лица да ги посетуваат парцелите каде вршеле ископ и забрана да преземаат какви било работни активности на подрачјето.
Основното јавно обвинителство Струга продолжува да презема дејствија за обезбедување докази и испитување на евентуална кривична одговорност во однос на енормното загадување на изворите во Шум од каде подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење, стои во соопштението.

