Македонија
Страв од девалвација

Стравот од девалвација ги тера граѓаните да ги претвораат денарските заштеди во девизи
Стравот од девалвација ги тера граѓаните да ги претвораат денарските заштеди во девизи.
Според последните податоци на Народна банка на Македонија во јануари за 50 насто се зголемила побарувачката по девизи, а се топат и девизните резерви, пишува денеска скопски Утрински весник.
Истиот месец денарското штедење паднало за 3,5 насто, а заштедите во евра се зголемиле за 1,9 проценти.
Денарските депозити во јануари годинава, во однос на претходниот месец се намалиле за 53 милиони евра, а девизните депозити пораснале за 26 милиони евра. Се проценува дека овие пари биле заштеда во денари, но претворени во девизи се вратиле во банките.
Вкупниот обем на депозитите во банките се намалил за 27 милиони евра и се смета дека тие средства граѓаните ги извадиле од банките и ги чуваат дома.
Вкупните депозити на граѓаните и на компаниите во македонските банки и штедилници заклучно со јануари изнесува 2,8 милијарди евра.
Експертите сметаат дека најстрашно што може да се случи е девалвација, која ќе удри по џебот на сиромашните, а од неа корист би имале само големите извозници. /крај/дн/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Центар, Аеродром, Сарај и Бутел денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 – 11:00 часот, објектите во околината на Транспотниот Центар, односно делови од улиците: Мирче Ацев и Никола Карев. (Општина Центар)
· од 09:00 – 12:00 часот, дел од ул. Ѓорѓи Капчев. (Општина Аеродром)
· од 09:30 – 12:00 часот, дел од с. Никиштани. (Општина Сарај)
· од 11:00 – 14:00 часот, објектите во околината на БОРА ПЕТРОЛ во Индустриската зона – Качанички Пат, Визбегово. (Општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд (над 30л/м2), а на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе опаднат. Во деновите од викендот и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневните температури повторно ќе бидат во пораст.
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека поради дефект на приклучна цевка ф 1“ на улицата Ванчо Мицков бр.40, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Ванчо Мицков, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.