Македонија
ДИТ во февруари затекна 745 непријавени работници
Државниот инспекторат за труд (ДИТ) во текот на февруари 2009 година изврши вкупно 4776 контроли од областа на работните односи и од областа на
Државниот инспекторат за труд (ДИТ) во текот на февруари 2009 година изврши вкупно 4776 контроли од областа на работните односи и од областа на безбедноста и здравјето при работа.
Државните инспектори од областа на работните односи,како што е соопштено,извршија вкупно 3077 инспекциски надзори, при што се затекнати вкупно 745 непријавени работници.
По донесените четири решенија за забрана на работа на работодавачот, пријавени се 813 работници. Поднесени се и 12 барања за поведување на прекршочна постапка.
Државните инспектори од областа на безбедност и здравје при работа во февруари 2009 година извршија вкупно 1699 инспекциски надзори.
Донесени се 465 решение за отстранување на утврдени 1376 недостатоци од областа на безбедноста и здравјето при работа и 13 забрани за работа за користење на небезбедна опрема за работа во деловна просторија.
Инспекторите од областа на безбедноста и здравјето при работа извршиле 50 увиди на самото место за потешки повреди на работа. Извршен е увид за настанат еден смртен случај.
Поднесени се 24 барања за поведување на прекршочна постапка за повреди на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за инспекција на трудот. Поднесена е една кривична пријава за одговорното лице во фабриката Карпош./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

